СОУ „Никола Карев“ стана партнер училиште на светски познатата академија Оракл PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 Март 2017 14:50

Денешните ученици имаат потреба од примена на информатичката технологија како дел од нивното образование. За да бидат подготвени за факултет и кариера, учениците треба да умеат да пронајдат примена на информатиката како дел од нивната образовна струка.

 
„Комуналец“ започна со ново хортикултурно уредување на јавните површини PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 Март 2017 14:22

Со подобрувањето на временските услови вработените во единицата „Зеленило“ при јавното претпријатие за  комунални дејности „Комуналец“ започнаа со активностите за подобрување на јавните површини во градот. Новите зафати се реализираат во првиот дел на големиот градски парк, конкретно, се работи на триаголникот каде што се наоѓа споменикот на Благој Јанков Мучето каде што ќе биде обновена тревната површина, а ќе бидат засадени и нови садници.Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, се реконструира и фонтаната на влезот во паркот, старите плочки се заменуваат со нови, се уредува и зелениот појас во кој ќе биде извршено дополнително хортикултурно уредување, а ќе бидат поставени и нови клупи.


 
ЈАВЕН ПОВИК V2- Програма PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Март 2017 14:57

За прибирање Програми од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани - Акцискиот план 2015-2020, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2017 година.

 

 
ЈАВЕН ПОВИК G1- Поддршка PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Март 2017 14:30


За прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегиите - Акциските планови за Локален економски развој на Општина Струмица 2016-2020, Култура 2017-2022, Развој на Образованието 2015-2020, Млади 2015-2020, Соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020“, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, од G1 Поддршка на ЛЕР, од Буџетот на Општина Струмица за  2017 година.

 
Промовиран Водич низ услугите и постапките на општина Струмица PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Март 2017 14:20

Во салата на Советот на општина Струмица, денеска, беше промовиран Водич низ услугите и постапките на општина Струмица. Овој Водич се реализираше како последна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица за 2016 година, а беше изработен  со цел полесно снаоѓање низ администрацијата на општина Струмица и разбирање на општинските услуги, како и намалување на бирократските процеси.

 
Со прекрасниот концерт на „Тримери“ завршија карневалските празнувања во Струмица PDF Печати Е-пошта
Четврток, 02 Март 2017 11:40

Со концертот на ансамблот „Тримери“ кој што се одржа синоќа во големата сала во домот на АРМ, заврши богатата програма на струмичкиот карневал 2017. Салата беше преполна со луѓе кои уживаа во прекрасниот настап на членовите на овој ансамбл кои ги испочитуваа и тримерските обичаи. На концертот на ансамблот „Тримери“ присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.

 
«ПочетокПред1112131415СледноКрај»

Страница 14 од 15
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор