Се одржа традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт PDF Печати

Во организација на Младинскиот совет на општина Струмица, а во соработка со средното општинско училиште „Јане Сандански“, синоќа, во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ по седми пат се одржа традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт.

На овој празничен концерт  насловен KING OF POP учествуваа шеесетина талентирани средношколци кои

пееја, свиреа и танцуваа во чест на кралот на светската поп музика Мајкл Џексон.
Својата солидарност и хуманост и на овој концерт ја потврди поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој заедно со сопругата беше меѓу хуманите струмичани кои уживаа во прекрасниот настап на учениците од СОУ „Јане Сандански“. На концертот присуствуваа и заменик градоначалникот, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Јосиф Христов, членови на истиот и пратеници.
Сите собрани средства преку влезници и дополнителни донации се наменети за лекување на нашиот сограѓанин Никола Новоселски кој има потреба од пресадување на матични клетки во Русија и кој со неговото семејство четири години по несреќата, не може да се израдува на најубавиот период од годината.