Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Стручните служби на училиштата достапни и попладне

Поаѓајќи од потребите на заедницата во делот на образованието, деновиве в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, одржа работен состанок со директорите на основните и средните општински училишта, а на кој присуствуваа и претставници од општинското Одделение за образование и овластениот просветен инспектор. 

 На состанокот беше дадена препорака до директорите на училиштата во кои воспитно-образовниот процес се одвива во две смени, еден од вработените во стручните служби на училиштата (педагог, психолог, заменик директор и сл.) да остварува дел од своите работни задачи и во попладневната смена. Целта на оваа препорака е подобрувње на квалитетот на работата во училиштата, но и целодневна достапност за родителите. Од страна на директорите, препораката беше прифатена и таа ќе се реализира како позитивна промена во работата на училиштата, а во интерес на граѓаните на општина Струмица.

 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544