Ученичката Нена Тодорова од Дабиле го освои првото место на државната Олимпијада на млади техничари PDF Печати

Во организација на Народна техника на Македонија во Прилеп се одржа државна Олимпијада на млади техничари и природници во Прилеп. Учесниците на натпреварот се натпреваруваа по повеќе дисциплини. Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле го претставуваше ученичката Нена Тодорова од 9 одделение под менторство на наставничката Зорица Андонова. Ученичката се натпреваруваше во областа Климатологија со метеорологија,  на тема Метеоролошки податоци за прогноза на болести во земјоделието и го освои првото место.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи