Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Детален урбанистички план за блок 18 , урбана единица 2 - Општина Струмица

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Општина Струмица, на ден  10. 06 .2013 година, донесе

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена



1. За планскиот документ Детален урбанистички план за блок 18 , урбана единица 2 - Општина Струмица кој го донесува Советот на Општина Струмица потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Детален урбанистички план за блок 18 , урбана единица 2 - Општина Струмица се определуваат следните: Министерство за животна средина и просторно планирање, општина Струмица.


3. За планскиот документ Детален урбанистички план за блок 18 , урбана единица 2 - Општина Струмица, за чија изработка е одговорна општина Струмица,  а го донесува Советот на општина Струмица, донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план за блок 18 , урбана единица 2 - Општина Струмица ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијанија врз населението и човековото здравје, влијанија врз социо- економската состојба, влијанија врз квалитет на амбиентниот воздух, влијание врз квалитет на површински и подземни води, влијание врз почва, влијание поврзани со управување со отпад, влијание од бучава, влијание врз флора и фауна, влијание врз предел, влијание врз материјални добра, влијание врз културно и историско наследство, влијание од несреќи и хаварии и прекугранично влијание.

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица  на следната веб адреса/и: www.strumica.gov.mk.

 

За превземање во PDF формат кликнете овде

 

sea_formular_18



6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.









ОПШТИНА СТРУМИЦА
Градоначалник,
Зоран Заев

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544