Струмица меѓу најдобрите општини во Македонија по веб транспарентност PDF Печати

Општина Струмица е меѓу најдобрите општини во Република Македонија по транспарентност и отчетност, ова го потврдија резултатите од сеопфатното истражување на мислењето на граѓаните за потребата од податоци и информации од единиците на локалната самоуправа, како и обврските и практиките на општините за објавување на податоци и информации во електронска форма.

Истражувањето е дел од проектот „Граѓанинот на прво место“ во кој беше вклучена општина Струмица, а го реализираа Центарот за управување со промени во партнерство со Центарот за одржлив развој АЛКА, а во соработка со министерствата за локална соработка и информатичко општество и администрација, а финансиран од Европската унија и Британската амбасада. На презентацијата на резултатите која што се одржа во домот на АРМ во Струмица, извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, истакна дека Струмица е меѓу најдобрите општини во Република Македонија по транспарентност и отчетност. Проектот има за цел да отвори една дебата за подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку модерните начини на информирање, односно, преку информациско-комуникациската технологија, а тоа значи поголема е-транспарентност од страна на општините. Меѓутоа, она што е интересно е дека и за кое што сакаме да иницираме дебата е потребата овие податоци и информации да бидат објавени на еден унифициран начин, под еднакви критериуми за сите општини. Истражувањето кое што го направивме се однесува на она што граѓаните бараат и сметаат како потреба од податок и информација која што им е потребна од страна на локалната власт во различни сегменти од општественото живеење, значи од урбанизам, до спорт, образование, социјална заштита, информации и податоци за работа на Советот на општината и се разбира информации и податоци за фискалната транспарентност. Врз основа на барањата на граѓаните, Центарот за управување со промени направи еден барометар на е–транспарентност, ги анализиравме веб страниците на општините за да видиме колку тие ги исполнуваат ваквите очекувања. Морам да речам дека Струмица е една од најдобрите општини и се наоѓа на второ место во однос на транспарентноста и отчетноста, но генерално, индексот на отвореност на општините е се уште слаб. Тоа значи дека имаме уште многу да работиме во насока на унапредување на овие концепти, особено, преку процесот на отворање на податоците во отворен формат, односно, отворање на овие податоци на формат кој што ќе биде можно повторно да се употребува во разни цели, за разни анализи во креирањето на локалните политики, па и во креирањето на националните политики и ќе го засили учеството на граѓаните, бидејќи тие ќе ги добиваат податоците навремено, на единствен начин, многу лесно и пристапно низ еден проактивен систем на општините, рече Сачмароска.Според Мартин Тодевски од ЦУП, проектот „Граѓанинот на прво место“ покрај тоа што ја анализира веб транспарентноста предвидува и еден нов начин на објавување на информации преку таканаречениот концепт на отворени податоци, тоа е еден многу понов и помодерен поим на транспарентност, пред се на државните институции и претполага еден посебен вид електронски формат во кој треба да се објавуваат податоците кој е податлив за информатичари, за развој на софтверски решенија и значат многу повисок стадиум на транспарентност и отчетност на институциите, но воедно и можност за поголем економски потенцијал.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи