Сопствениците на моторни возила да престанат да го узурпираат просторот на пешаците PDF Печати

Ниската сообраќајна култура на возачите веќе подолго време создава сериозни проблеми на пешачките зони во градот. Узурпирани тротоари од моторни возила и ограничен простор за движење на пешаците е секојдневна слика особено во централното градско подрачје. Меѓу лоцираните места со овој проблем е тротоарот на булеварот „Ленинова“, пред Стопанска банка и поранешните простории на УЈП, спроти „Глобал“.

 Паркираните моторни возила не само што го узурпираат просторот на пешаците, туку, ја загрозуваат и нивната безбедност, затоа што возачите за да ги паркираат своите возила возат по цел тротоар. Покрај загрозувањето на безбедноста на пешаците, предизвикана е штета на пешачката зона од тешките товарни возила, а уништени се и заштитните столбчиња кои беа поставени за да се спречи движењето на возилата на градскиот плоштад.За да се спречи ваквата појава се апелира до надлежните служби да постапат согласно овластувањата што ги имаат, а возачите да го почитуваат просторот на пешаците, да не ги уништуваат пешачките зони и урбаната опрема.Општина Струмица ќе ги санира штетите и ќе ја обнови урбаната опрема се со цел на своите граѓани да им обезбеди подобри услови за живот, но сите заедно да го запреме уништувањето, да им кажеме СТОП на несовесните возачи и да ги вратиме пешачките зони и тротоарите на пешаците. Јавната површина е јавно добро за сите, само ако прописно и наменски е искористена.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи