Струмичките матуранти повторно ќе танцуваат „квадрил“ PDF Print

Утре, точно напладне, на плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се одржи традиционалниот „Матурски бал“, на кој учество ќе земат матурантите од струмичките средни училишта. Матурантите и годинава ќе танцуваат „квадрил“ по музиката од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус, и со тоа ќе ја испратат својата порака за ненасилство.Годинава покрај струмичките матуранти, синхронизирано ќе танцуваат и нивните врсници од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, како и матурантите од стотина други градови од Централна и Југоисточна Европа.Инаку, овој интернационален „Матурски бал“ се одржува од 2001 година, а идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ од Љубљана (Словенија). Македонија веќе десет години е дел од оваа манифестација, а Струмица е вклучена во истата од 2008 година.

 

Add comment


Security code
Refresh