Одбележан патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино PDF Печати

Општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Муртино, денеска, го одбележа патрониот празник.Во училишниот двор беше изведена богата програма на која присуствуваа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој во името на општина Струмица положи свежо цвеќе и се поклони пред ликот на Тито, членови на Советот, претставници на одделението за образование на општина Струмица, родители и други гости. Во рамките на програмата беше реализирана и активност од Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ - детска фондација Песталоци.


 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи