Под покровителство на општина Струмица се одржа фестивалот на детски песни ЈОЈО PDF Печати

На големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“, синоќа, се одржа четвртиот по ред ЈОЈО фестивал на детски песни. И годинава овој детски фестивал привлече големо внимание кај граѓаните кои ја наполнија салата и уживаа во настапите на 14 дечиња од Струмица, Скопје и Гевгелија кои пееја за музиката, љубовта, модата, слатките, принцезите, летото, децата, за Струмица. Во публиката беа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.ЈОЈО фестивалот се одржа под покровителство на општина Струмица.

 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи