Вечерва ќе се одржи втор роденденски концерт на ансамблот „Тримери“ PDF Print

Вечерва пред платото на НУЦК „Антон Панов“ на плоштадот „Гоце Делчев“, голем концерт ќе одржи ансамблот „Тримери“, а по повод 10-годишнината од своето постоење. Покрај настапот на сите категории играорци на „Тримери“ гости на концертот ќе бидат членовите на фолклорниот ансамбл Кочани.

Вечерашниот роденденски концерт ќе се случи само три дена по саботниот свечен концерт кој се одржа во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, а на кој, покрај домаќините, настапија и гостите од фолклорниот ансамбл „Радовишанки етно“ од Радовиш и „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Во чест на јубилејот, плакети од ансамблот „Тримери“ добија премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов  и почесната претседателка на „Тримери“, Софче Макенаџиева.

 

Add comment


Security code
Refresh