Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Април 2007

2007-4-11


30.04.2007
| Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Европското движење Република Македонија, Ве покануваат на трибина на тема “Проблемот со визите и европската интеграција”  која ќе се одржи на 03.05.2007 година (четврток), во 11 часот во просториите на Домот на АРМ.

 

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Европското движење Република Македонија, Ве покануваат на ТРИБИНА НА ТЕМА “ПРОБЛЕМОТ СО ВИЗИТЕ И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА”  која ќе се одржи на 03.05.2007 година (четврток), во 11 часот во просториите на Домот на АРМ.

На трибината која се организира по повод 9 ти Мај – Денот на Европа со свое излагање ќе се обратат:

- Зоран Заев, Градоначалник на општина Струмица
- Н.Е. Роберт Чатертон Диксон – Амбасадор на Велика Британија во РМ
- Г-дин Улрих Клепман – Официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер
- Г-дин Сотур Костов – Претседател на ЕДРМ – Скопје
- Претставник на Секретарјатот за европски прашања при Владата на РМ

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите во Одделението за Локален економски развој  при Општина Струмица најдоцна до 03.05.2007 година до 09.00 часот на телефон 034/340-224.

2007-4-10

25.04.2007 | Општина Струмица е една од трите општини на кои Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на  проектот Отворен општински буџет и додели финансиска поддршка во вредност од 615.000,оо денари за реализација на Проектот надминување на Архитектонските бариери во Општина Струмица.

 

Општина Струмица е една од трите општини на кои Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на  проектот Отворен општински буџет и додели финансиска поддршка во вредност од 615.000,оо денари за реализација на Проектот надминување на Архитектонските бариери во Општина Струмица.

На јавниот повик за изразување интерес за учество во рамките на Проектот „ Отворен општински буџет“ Управниот одбор на  Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Општина Струмица ја селектира за една од шесте општини од вкупно 29 пријавени, со што отпочнаа активности во рамките на проектот.

Вториот сегмент од проектот беше финасиска поддршка во вредност од 615.000,оо денари за  три најуспешни општински проекти од шесте селектирани општини.

Општина Струмица со свој Проект „ Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица“, за чија реализација предвиде  средства од буџетот на Општина Струмица во висина од 1.000.000,оо денари, аплицираше до ФИООМ и како таков е селектиран во тррите најдобри кои ги задоволуваат бараните критериуми , по што ја доби финасиската подршка за опрема и капитал (елементи во контрасни бои со тактилни индикатори).

Реализацијата  на проектот е отпочната и со него се предвидува решавање на веќе идентификуваните критични точки каде ќе биде изведена единечна рампа тип 1Л=3, според официјалните стандарди, со што ќе се овозможи  слободен и олеснет пристап на телесно инвалидизираните лица до објектите и институциите во Општина Струмица.

2007-4-9

24.04.2007 | Општина Струмица започна со реализација на проектот Рекнструкција на спортски игралишта во градот и населените места. Со овој проект ќе бидат опфатени 14 терени за мал фудбал / ракомет, 6 за одбојка и кошаркарски игралишта.

 

Активностите опфакаат:
- одбележување (бојадисување) на линиите,
- бојадисување на стативите, конструкциите за кошеви и столбовите за одбојка,
- поставување на нови табли и обрачи,
- поставување на нови мрежи за ракомет, одбојка и кошарка.

Паралелно со овие активности ке оди и медиумска кампања за популаризација на спортот кај младите.

Целта на проектот е да се создадат услови за рекреативни спортски активности, популаризација на спортот како и  отргнување на младите од лошите навики.

2007-4-8

24.04.2007 | Општина Струмица и Институтот за човекови права Лудвиг Болцман објавуваат Јавен повик за доставување на предлог – проекти за Невладини организации кои делуваат на територијата на општина Струмица.

 

Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена (БИМ) во Македонија, го спроведува проектот Човековите права и намалувањето на сиромаштијата во Македонија во согласност со Принципите и упатствата за пристапот заснован на човековите права во стратегиите за намалување на сиромаштијата. Проектот се спроведува во тесна врска со УНДП- Македонија, а е финансиран од Австриската агенција за развој (АДА).

За таа цел Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена (БИМ) во Македонија, повикувајќи се на Платформата за развој на Општина Струмица до 2015 година, финансиски поддржува реализација на најуспешен микро проект од НВО на Територија на Општина Струмица.

Фондот за подршка на најуспешниот микро-проект е 4500 евра.

Јавниот повик е во тек, а НВОрганизации од Општина Струмица своите Предлог микро- проекти треба да ги достават најдоцна до 16 мај 2007 година, до 17 часот на адреса:

Нинослав Младеновиќ
Лудвиг Болтзман Институт за човекови права
ц/оУНДП, Никола Вапцаров 2-4, Скопје, Македонија

или за подетални информации може да се обратат во Одделението за Локален економски развој во Општина Струмица на тел: 034/340 224, кај Локалниот проектен координатор Милушев Тони.

2007-4-7

24.04.2007 | Општина Струмица, Македонската Православна Црква - Струмичка Епархија и НВО Избор, денес потпишаа меморандум за соработка и отварање на Психосоцијален клуб.

 

 

Во рамките на Проектот Организирање на Психосоцијален клуб за апстиненти од ПАС и стабилни корисници на метадонска програма во Дневниот центар за прифат третман и продолжено лекување на завизсници од дрога и други психоактивни супстанци,  Св.Елисавета – Струмица, на 23.04.2007 година , Општина Струмица, МПЦ Струмичка Епархија и Здружението за превенција, советување, лекување и заштита на човековите права на корисниците на дрога и други маргинализирани и вулнерабилни групи – Избор, потпишаа Договор за соработка, во кој се обврзаа до крајот на месец мај 2007 година целосно го стават во функција Психосоцијалниот клуб за апстиненти од ПАС и стабилни корисници на метадонска програма.

Клубот е наменет за лица кои апстинираат од употреба на психоактивни супстанци и лица кои се стабилни корисници на метадонска терапија, без полови, возрасни и верски ограничувања.

Целта на проектот е реинтеграција, ресоцијализација и дестигматизација на лицата корисници на програмот преку јакнење на психолошките снаги со истовремена реактивација на  на индивидуалните способности и воедно подобрување на семејните релации,активирање на професионалното функционирање и подобрување на социјалниот статус.

2007-4-6

18.04.2007 | Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со генералниот Конзул на Република Бугарија во Битола, Наум Кајчев. На средбата која се одржа во кабинетот на Градоначалникот, меѓу другото стана збор за начинот за олеснување на визниот режим со пограничните региони.

Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544