Вести - Мај 2007
2007-5-10 PDF Печати


23.05.2007 | Кошаркарите и раководството на КК Струмица на прием кај Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Успешните спортисти заслужуваат континуирана поддршка бидејки тие се најдобрите репрезенти на нашиот град, рече Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, честитајки ја првата шампионска титула на КК Струмица.


Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им додели пригодни подароци на македонските шампиони во кошарка  Богоев, Цветков, Софадитис, Флуелен, Караманолев, Грнчаров, Крстевски, Гоцевски, Хаџивасилев, Соколов, Кицулис, Николов, тренерите Влаикидис и Јанков, како и раководството на КК Струмица 2005 Карапиперис, Милановиќ и Иванов.



Градоначалникот Заев им вети на кошаркарите на Струмица 2005 дека лично ќе ја финансира изработката на химна на кошаркарскиот клуб, а исто така лично ќе ги предложи до Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица за добитници на Годишната општинска награда за особени достигнувања 11 Декември.



Со освоената шампионска титула кошаркарите на Струмица 2005 на најдобар начин го потврдија фактот дека Струмица е најспортскиот град во Македонија.







 
2007-5-9 PDF Печати

22.05.2007 | Соопштение до јавноста. Денес, на покана на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев  во работна посета на Струмица престојуваше г-динот Мајкл Лејтам, советник за економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

 

Градоначалникот на општина Струмица го запозна гостинот со активностите на Општина Струмица, со карактеристиките и потенцијалите на струмичкото стопанство како и со активностите кои ги превзема општината за промоција на стопанските активности. Истовремено Градоначалникот Заев го информираше г-динот Лејтам  дека Општина Струмица е подготвена да ги прифати новите надлежности кои треба да настапат со процесот на фискална децентрализација.

Во рамките на посетата на Струмица, високиот гостин од Американската амбасада посети неколку успешни компании од Струмица, и оствари работен состанок со повеќе струмички стопанственици. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат стопанствениците при нивното работење како и со начинот на нивното надминување.

Градоначалникот Заев изрази надеж дека поддршката од САД и понатаму ќе продолжи, со цел надминување на посочените бариери и поголем раст и развој на струмичката економија.

 
2007-5-8 PDF Печати

21.05.2007 | Струмица шампион на Македонија во кошарка. Градоначалникот на општина Струмица и потпретседател на КК Струмица 2005, Зоран Заев им ја честиташе првата шампионска титула на кошаркарите на Струмица 2005 кои во финалната серија го совладаа Работнички Фершпед со 4:1.

 



Екипата на Струмица 2005 е кошаркарскиот шампион во 15. национално првенство на Македонија. КК Струмица за првпат во својата клупска историја станаа шампиони, откако во петтиот финален натпревар го совладаа Фершпед Работнички со 66:52, што беше доволно да ја добијат финалната серија со 4:1 во победи, и пред 4000 публика да го подигнат шампионскиот пехар.

Градоначалникот и потпретседател на клубот, Зоран Заев им честиташе на кошаркарите на Струмица за постигнатиот успех.

 
2007-5-7 PDF Печати

15.05.2007 | Започна реализацијата на проектот “Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица” со кој ќе се овозможи  слободен и олеснет пристап на телесно инвалидизираните лица до објектите и институциите во Струмица.

 



Проектот предвидува решавање на веќе идентификуваните критични точки каде ќе биде изведена единечна рампа тип 1Л=3, според официјалните стандарди и преадаптација на сите тротоари во близина на јавните институци.



Реализацијата на проектот е кофинансирана од Општина Струмица и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, која на отворениот повик ја избра проектната активност на Општина Струмица и ја подржа финансиски со износ од 615.000 денари.

 
2007-5-6 PDF Печати

15.05.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги закажа  49 и 50 седница на Советот на општина Струмица, и тоа: 49 седница за  18.05.2007 година (петок) во 10 часот и 50 седница за 22.05.2007 (вторник) во 11 часот.

 


 
2007-5-5 PDF Печати

15.05.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов остварија средба со Министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски. На средбата се разговараше за децентрализацијата, тековните состојби во Општина Струмица и законот за регионален рамномерен развој.

 

Градоначалникот Заев го запозна Министерот со актуелните состојби во Општина Струмица и со плановите за привлекување на инвестиции и забрзан економски развој. Струмица има амбициозни планови за реализација на проекти преку искористување на средства од предпристапните фондови на Европската Унија.



Можности отвара и прекуграничната  соработка со Бугарија и Грција како и најавите за грчки инвестиции за чија реализација општината веќе разговара со Министерството за транспорт и врски за доделување на државно градежно земјиште.

Градоначалникот Заев го информираше Министерот дека  Општина Струмица е целосно подготвена да помине во втората фаза од процесот на децентрализација и превземање на новите надлежности. Од централната власт беше побарано поголема подршка на општината со доделување на градежно земјиште како услов за економски развој, како и поврзување со магистралата Е-75, што во моментов претставува хендикеп во напорите за забрзан развој на општина Струмица. На средбата стана збор и за Законот за рамномерен регионален развој и улогата на општината во неговата имплементација, како и со предностите што ги нуди меѓуопштинската соработка.

 
2007-5-4 PDF Печати

09.05.2007 | “Струмица нека биде предвесник на нашата блиска Европска иднина. Во тоа име подигнуваме 30 знамиња, од кои 27 на сите земји членки на Унијата а останатите три: на Европската Унија, Македонија и на Струмица.” рече Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев обраќајки се по повод одбележувањето на 9 ти Мај - Денот на ЕУ.

 

Со подигање на 30 знамиња, Општина Струмица го одбележа Денот на Европската унија.  Пред присутните се обрати Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев кој рече::



“Бидејќи и денес се сметаме како неделиво парче од Европа, еве како со сета радост го славиме и одбележуваме 9ти Мај – Денот на Европа, и тоа на само нам својствен начин. Струмица како дел од тромеѓето на нашава земја со две членки на ЕУ, нека биде предвесник на нашата блиска Европска иднина. Во тоа име подигнуваме 30 знамиња, од кои 27 на сите земји членки на Унијата а останатите три: на Европската Унија, Македонија и на Струмица. Од денес па во иднина нека се веат овие знамиња и го красат центарот на Европска Струмица. И ако некој се запраша зошто токму овде, на ова место, одговорот би бил, затоа што оваа урбана широчина ја симболизира широчината на струмичани по прашањето на македонското Евроинтегрирање, и затоа што во близина е споменикот на човекот, кој европски размислувал кога го разбирал светот како поле за културно натпреварување меѓу народите. Тогаш ајде да го сториме она што сме го наумиле, ајде нека нашата подготвеност за разбирање и соработка ја покажеме на дело.”



30-те знамиња остануваат на Плоштадот Гоце Делчев кои од денес ќе бидат нов симбол кој ќе го претставува Европскиот дух на Градот под Царевите Кули.

Манифестациите по повод Денот на ЕУ продолжија со културно уметничка програма во организација на КУД Тримери.







 
2007-5-3 PDF Печати

09.05.2007 | Одбележан 9 ти Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот. Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ во малиот градски парк и одржа реч за значењето на празникот.

 

“Овој исклучителен и голем настан и ден за целиот свет и за целото човештво, со должно внимание го одбележуваме и ние, затоа што и нашава држава и македонскиот народ зеде активно учество во извојувањето на победата над фашизмот, рамо до рамо со сите прогресивни народи.



Денес кога ја прославуваме 62-годишнината од денот на победата над фашизмот не смееме да заборавиме дека во истиот ден се одбележува и Денот на Европа. Република Македонија како земја со кандидатски статус за влез во Европската Унија, прифаќајќи ги европските вредности на соживот, разбирање, помирување, стабилност и просперитет, со полно право го одбележува овој ден како свој, со надеж дека во блиска иднина и формално тоа ќе и припаѓа. Уверен сум, дека нашава земја ќе знае мудро да ги извлече поуките од двата настана кои се спојуваат во денешниов ден.”



Ова е дел од пораката што Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја испрати на денот кога се одбележува победата или крајот на злото што го продуцираше фашизмот.

Претставници на Општина Струмица предводени од Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади читаа револуционерна поезија инспирирана од народноослободителната  и анти-фашистичка војна.

Свеченостите по повод 9 ти Мај продолжија на Плоштадот Гоце Делчев.

 
2007-5-2 PDF Печати

07.05.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод 9 ти Мај, Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот.

 

Со особена почит Ве поканувам да  присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето  на 

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ И ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

што ќе се реализираат на ден  09.05.2007 година  (среда) во Струмица:
- во 10,00 часот пред споменикот на паднатите борци во ноавм во малиот градски парк 
- во 11,00 часот на плоштадот  “Гоце Делчев”

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ С.Р.

ПРОГРАМА

09.05.2007 година  (среда)

10,00 часот

- Свечености пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк:
- Реч за значењето на празникот;                                 
- Полагање на свежо цвеќе;
- Револуционерна поезија инспирирана од  народноослободителната  и анти-фашистичка војна – Рецитаторска секција при Домот за деца и  млади “Благој Јанков Мучето” – Струмица

11,00 часот
- Свечености на плоштадот “Гоце Делчев” - Струмица
- Обраќање по повод Денот на ЕУ
- Поставување и подигање на знамињата на земјите членки на Европската Унија.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2