Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2007

2007-8-6


30.08.2007
| Честитки од Градоначалникот Заев за струмичките  кик боксери.  Денес Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ги прими и им  честиташе на членовите на Кик бокс клубот Струмица, членови на сениорската репрезентација на Македонија, кои на Светското аматерско првенство во кик бокс одржано  во Карлсруе Германија постигнаа значаен резултат освојувајќи 2 бронзени медали.



На приемот кај Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев  присуствуваа  наградените Васко Димитриев и Ѓорѓи Никовски, Селекторот на македонската репрезентација во кик бокс Зоран Спасов, и  Претседателот и потпреседателот на Кик бокс клубот Струмица, Слободан Великов и Александар Анѓелов.



Градоначалникот Заев честитајќи им за освоениот успех им се заблагодари на членовите на Македонската репрезентација во кик бокс, за успешната промоција на градот и им посака уште поголеми успеси на меѓународен план.



На светското првенство во Германија учествуваа 57 држави со над 2500 натпреварувачи кои се натпреваруваа во 7 дисциплини. Струмичанецот Димитриев Васко се натпреваруваше во дисциплината Low kick во категорија до 80 кг и го освои бронзениот медал, а Никовски Ѓорѓи во истата дисциплина во категорија над 90 килограми го освои вториот бронзен медал.   

Освојувачите на двата бронзени медали му се заблагодарија на Градоначалникот Заев за подршката и за финансиската помош во износ од 30.000 денари потребни за учество на Светското првенство во Германија. Посебна чест за Општина Струмица е фактот дека сите 8 члена на Македонската репрезенација во кик бокс, учесници на Светското првенство беа од Струмица.

2007-8-5

20.08.2007 | Општина Струмица ќе го претставува струмичкото стопанство на меѓународни саеми во Загреб и Белград. Проектот Меѓународна саемска промоција на струмичкото стопанство кој од страна Центарот за локален економски развој на струмичкиот регион беше аплициран до ГТЗ Редем и официјално е одобрен.

 

Проектот кој е дел од макро проектот Strumica Economy и дел од промотивната кампања Струмица отворена за бизнис предвидува  изработка на две мултимедијални цд-а на дрвната и прехрамбената индустрија и нивна промоција на меѓународни саеми во Белград и Загреб.

Мултимедијалното цд на дрвната индустрија ќе содржи фотографии и информации за струмичките производители на мебел  и  ќе биде промовирано на меѓународниот саем Амбиента во Загреб, Хрватска кој е е еден од најрепрезентативните саеми од оваа категорија во Европа. Саемот ќе се одржи од 16-21 октомври оваа година.

Промотивното цд на прехрамбената индустрија ќе содржи информации за производителите од оваа дејност и ќе биде промовирано на меѓународниот саем за храна, пијалок, вино и опрема кој од 26 до 28 ноември ќе се одржи во Белград.

Проектот е финансиран од ГТЗ Редем а во него учествуваат четирите општини од струмичкиот регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово, Василево) и Сојузот на стопански комори.

2007-8-4

20.08.2007 | Сто и педесет милиони евра ќе инвестира “Stiafilco Textile” во Струмица. Во близината на Струмица, во октомври годинава ќе биде поставен камен-темелник на новата индустриска зона во која мултинационалната компанијата Stiafilco ќе изгради четири фабрики и ќе вложи 150 милиони евра во кои ќе бидат вработени најмалку 3000 работници.

Инвеститор на овој крупен индустриски комплекс ќе биде мултинационалната компанија со грчки, холандски и шпански капитал „Stiafilco“, која за таа намена во Македонија веќе ја формира фирмата „Истос“ и која вкупно ќе вложи 150 милиони евра за отворање на четири преработувачки капацитети во кои ќе бидат вработени најмалку 3.000 работници.

Во врска со преговорите со грчкиот инвеститор Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев за медиумите изјави:
- Станува збор за четири засебни погони за производство на текстил, тектилни суровини, погон за конзервирање и погон за електроматеријали. Во моментов тоа ќе биде еден од најкрупните инвестициски зафати на странски партнери во земјава. Како што е зацртано, капацитетот за текстилни суровини и конзервната фабрика треба да бидат дадени во употреба во текот на наредната година, а само во нив ќе бидат вработени 1.500 лица. „ Stiafilco “ наредниот месец ќе учествува на јавната лицитација за доделување на 40 хектари државно земјиште што ќе ја организира Владата, по што Советот на Општина Струмица треба да го усвои Предлогот за ослободување на инвеститорот од плаќање на комуналиите во висина од 80 насто. Оваа поволност ќе важи и за други странски фирми кои ќе сакаат да вложуваат свој капитал во Струмица, што веќе има позитивен одзив кај странските инвеститори кои најавуваат вистинска експанзија за отворање на нови бизниси во наредните неколку години, рече Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

Оваа година Општина Струмица потроши 30.000 евра само за донесување на урбанистичкиот план за новата индустриска зона „Исток“ која се протега меѓу населените места Сачево и Градско Балдовци. Во меѓувреме „Стијафилко“ изработи комплетна физибилити студија со посебни проектни решенија за секој од наведените преработувачки капацитети, а во Струмица веќе пристигнува и дел од опремата која ќе биде вградена во првите две фабрики.

2007-8-3

20.08.2007 | Четиридневна спортска школа за сите млади струмичани. Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев,  од денес до четврток на стадионот Младост во Струмица  се организира Open fun football schools. На оваа спортска школа ќе земат учество околу 200 млади струмичани на возраст од 7 до 12 години на кои десетина спортски инструктори ќе им ги пренесат знаењата и вештините од разни спортски игри.

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев,  од денес до четврток на стадионот Младост во Струмица  се организира Open fun football schools. На оваа спортска школа ќе земат учество околу 200 млади струмичани на возраст од 7 до 12 години на кои десетина спортски инструктори ќе им ги пренесат знаењата и вештините од разни спортски игри.

Организатор на спортската школа е организацијата " Open fun football schools" од Данска а финансиските средства за одржување на истата се обезбедени од Градоначалникот на општина Струмица и светската фудбалска асоцијација ФИФА.

На сите деца учесници ќе им бидат поделени маички и дипломи за учество.

2007-8-2

08.08.2007 | Oпштина Струмица преминува во втора фаза од процесот на фискалната  децентрализација.Во рамки на севкупните активности на Владата на Република Македонија за децентрализација на власта, Министерството за финансии, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, го имплементира и координира фазниот трансфер на средства за финансирање на пренесените надлежности.

Во рамки на севкупните активности на Владата на Република Македонија за децентрализација на власта, Министерството за финансии, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, го имплементира и координира фазниот трансфер на средства за финансирање на пренесените надлежности.

Врз основа начлен 36, став 6 од Законот за Влада на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.59/00, 12/03, 55/05 и 37/06), и член 46 став 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на РМ„ бр.61/04 и 96//04), Владата на Република Македонија формира Комисија за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација.

Врз основа на добиените податоци Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација констатира  дека вашата општина, согласно член 45 став (2) и член  46 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, ги исполнува условите за преминување во втора фаза од процесот на фискална децентрализација.

2007-8-1

08.08.2007 | Со особена почит, Ве поканувам да присуствувате на чествувањата  по повод 56-годишнината од  убиството на петтемина струмички студенти: Борис Белев, Мирко  Пецев, Ѓорѓи  Костуранов, Ѓорги Јар’мов и Стево Топчев.

 

Со особена почит, Ве поканувам да присуствувате на чествувањата  по повод 56-годишнината од убиството на петтемина струмички студенти:

Борис Белев;
Мирко  Пецев;
Ѓорѓи  Костуранов;
Ѓорги Јармов; и
Стево Топчев.

што ќе се реализираат на ден  13.08.2007 год. (понеделник) на Градските гробишта и пред Спомен – обележјето во Малиот градски парк во Струмица.

Општина Струмица
Градоначалник,
Зоран Заев

Програма

13.08.2007 година (понеделник)

- 10,00 часот - Панихида на Градските гробишта во Струмица;

- 11
,00 часот - Реч за животот и делото на петтемина убиени струмички студенти (Спомен-обележjе  во Малиот градски парк во Струмица);

- Полагање свежо цвеќе пред Спомен обележјето;

-Не венува тој спомен - бол – Рецитал во реализација од рецитатори  во Рецитаторската секција  при домот за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544