Вести - Октомври 2007
2007-10-16 PDF Печати


31.10.200
7 | ФИБА Куп: Цедевита - Струмица 76:72. Македонскиот кошаркарски првак, Струмица претрпи тесен пораз од 76:72 во Загреб против екипата на Цедевита во првиот дуел од квалификациската рунда на ФИБА Купот. Решавачкиот натпревар ќе се игра во Струмица на 06.11.2007 (вторник) во Спорската сала Парк со почеток во 19.00 часот.

 



Одлично издание на Струмица во Сутјеска Врела во Загреб и покрај тоа што хрватскиот тим влезе како фаворит во натпреварот. Резултатот по четвртини 14:18; 20 :21; 23:21; 19 :12;
Најефикасни на натпреварот беа Милјан Пуповиќ со 22 поени од екипата на Струмица, и Славен Римаќ кај Цедевита со ист број на поени.

Реваншот е во вторник (06.11.2007) во Спортската сала Парк во 19.00 часот кога со поддршка на навивачите, КК Струмица ќе се обиде да извојува победа повисока од четири коша разлика што ќе значи севкупна победа против Хрватскиот претставник и пласман во второто коло од ФИБА купот, каде за противник ја очекува рускиот Локомотив од Ростов.

 
2007-10-15 PDF Печати

29.10.2007 | Излезе првиот број на весникот Хроника. Изворното информирање за работата на локалната самоуправа и афирмирањето на вистинските вредности е основната мисија на весникот Хроника, сега, во деновите кога треба да заживее вистинската децентрализација.

превземи ...


 
2007-10-14 PDF Печати

23.10.2007 | Симон Трпчевски го промовираше новиот клавир во Музичкото училиште Боро Џони. Македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчески, во Нижото музичко училиште „Боро Џони” во Струмица го промовираше новиот клавир “Jamaha”, донација од Општина Струмица со вредност од околу 600.000 денари.

 



Тој одржа получасовен концерт исполнувајќи дела од Клод Дебиси. „Од срце ја поздравувам иницијативата на музичкото училиште и Градоначалникот на Општина Струмица да набават нов клавир. Со него ќе им се овозможи на генерации и генерации деца да вежбаат и музички да се образуваат“, изјави Симон Трпчевски не криејќи го задоволството што има можност да настапува во градот од каде потекнува неговата мајка.

 
2007-10-13 PDF Печати

22.10.2007 | Струмичкото стопанство претставено на меѓународен саем во Загреб, Хрватска. Во периодот од 15 -19 Октомври 2007 година, претставници на Општина Струмица присуствуваа на 34 Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и пратечки индустрии Амбиента - Загреб - Р.Хрватска.  Во склоп на посетата на саемот беше промовирано мултимедијалното цд Strumica Economу - wood industry.



На промотивното  мултимедијално цд Strumica Economy се наоѓаат производните програми на 12 компании производители на мебел од Струмица.



Мултимедијалното цд беше достапно и дистрибуирано во околу 1000 примероци на излагачи, посетители, комори, и здруженија од Р. Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Турција, Германија и други.



Во рамките на посетата на Загреб претставниците од Општина Струмица остварија средби со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство во Владата на Р.Хрватска, г-дин Петар Чобанковиќ,  Претседателот на Хрватска стопанска комора - Загреб, Претседателот на Хрватска стопанска комора - Жупанија Сисак, Претставници на Стопанска комора на Босна и Херцеговина, Претставници на Загребачки велесаем, Претставници на саем Амбиента како и бројни контакти со фирми излагачи од повеќе земји од Европа. На средбите беше разговарано за продлабочување на деловните односи меѓу компаниите од Струмица и компаниите од земјите кои ги застапуваат коморите. Претставниците на Хрватската стопанска комора преку здружението на дрвно преработувачката индустрија истакнаа дека голем дел од хрватските компании за мебел се заинтересирани за воспоставување на деловни односи со производителите на мебел од Струмица.





Кон средината на месец ноември на исти начин ќе биде претставен прехрамбениот сектор од Струмичкото стопанство на меѓународен саем во Белград Србија.

 
2007-10-12 PDF Печати

09.10.2007 | Две нови фонтани долги по 50 метри на Булеварот Маршал Тито. Од денес, на  Булеварот Маршал Тито работат две нови фонтани со водоскок, долги по 50 метри, комплетно автоматизирани и со повеќе светлосни ефекти.  Просторот околу фонтаните веќе е холтикултурно уреден со 30 палми, а дополнително ќе се уредат и просторот во другите жардинерии на булеварот.





 
2007-10-11 PDF Печати

09.10.2007 | Општински свечености по повод 11 Октомври. Почитувани граѓани, Ве покануваваме да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод одбележувањето на 11 октомври - Денот на народното востание на Македонија и Ден на борецот.

 

ПРОГРАМА

10.10.2007 година (среда)

- 18.30 часот- Ноќни трки низ улиците на градот за учениците од основните и средните училишта во Струмичкиот регион. 
Носител: Општински сојуз на училишен спорт.

- 19.30 часот- Промоција на книгата “Македонска судбина” од Јулија Попвасилева
Место: НУКЦ “Антон Панов” Струмица ( мала сала)

11.10.2007 година (четврток)

- 09.30  часот - Чествување пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк:
- Реч за  историографијата на Празникот;
- Полагање свежо цвеќе;
- “Од извориштето на 11. Октомври” - рецитал во изведба на рецитатори Од  Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој  Мучето”-Струмица; и
- Настап на хорот “ЕТНО и СТРЕМЕЖ” од Здружението на пензионери - Струмица

(Поаѓање кон Споменикот на Револуцијата во 09,15
часот од пред зградата на Локалната самоуправа)
Носител: Општина Струмица

- 10,30 часот – Прием кај Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев за претставници од Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ.
- Место: Кабинет на Градоначалникот.

 
2007-10-10 PDF Печати

09.10.2007 | Привршува реконструкцијата на спортските терени и игралишта. Овој месец целосно ќе заврши реконструкцијата и обновата на спортските терени и игралишта на територијата на општината. Изминатиот период се работеше на обнова на кошаркарските игралишта која опфати одбележување на игралиштата, бојадисување на конструкциите за кошеви и поставување на нови табли и обрачи.





Активностите од проектот ќе завршат во текот на овој месец со спортска манифестација која ќе се одржи на обновените игралишта.  Со реализацијата на овој проект, кој во целост беше финансиран од Општина Струмица, се обновија фудбалските, кошаркарските и одбојкарските игралишта во сите основни и средни училишта во градот како и игралиштата во населените места Баница, Банско, Добрејци, Костурино,  Градско Балдовци, Просениково, Муртино, Дабиље, Куклиш, Вељуса и Сачево.

 
2007-10-9 PDF Печати

09.10.2007 | Пробиени над два километри од пристапниот пат до Цареви кули. Паралелно со завршувањето на истражувачките активности на Цареви Кули, започнаа инфраструктурните активности од проектот и овие денови се веќе пробиени два километри и четиристотини метри од пристапниот пат до Цареви кули кој ќе биде со должина од 2,7 км.

 





Продолжува имплементацијата на активностите од проектот “Оживување на националната и културна знаменитост Цареви кули”, финансиран од Европската агенција за реконструкција и Општина Струмица. Овие денови привршуваат активностите од првата фаза од проектот - истражување,  која започна на 1 јуни и која имаше за цел да се откријат елементите на фортификацијата за што е можно повистинита реконструкција на тврдината. Со истражувањата се  добија многу податоци кои се однесуваат на секојдневниот живот на тврдината кој започнува од праисторијата, како и за духовниот и материјален живот на популацијата која ги населувала ридовите .





Истражувањата покажаа дека судбината на Цареви Кули,  е тесно поврзана со судбината на градот Струмица. Било тоа де е славниот Астраион, Тивериопол, Естреон или Уструмџе, Цареви кули секогаш стоеле тука и дури многу порано, длабоку во праисторијата кога овде цутела богата култура од времето на доцниот енеолит и раната бронзова епоха.





Пред извесен период започна пробивањето на пристапниот пат до тврдината Цареви Кули кој ќе биде со должина од 2,7 км а заклучно со денес  веќе се пробиени два километри и четиристотини метри од истиот.

Согласно предвидениот план на активности проектот треба да заврши следната година, до кога треба да бидат завршени конзервацијата, реставрацијата и соодветната промоција на проектот со досега најширок спектар на промотивни материјали.

 
2007-10-8 PDF Печати

05.10.2007 | Предаден во употреба Центар за рано откривање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица. Денес, Градоначалнкиот на општина Струмица, Зоран Заев присуствуваше на свеченото предавање во употреба на мамографот кој Меѓународната Фондација Борис Трајковски, преку Меѓународниот Радиолошки Институт од Охајо, Америка, го донираше за потребите на Центарот за рано откивање на болести на дојка кој е сместен во просториите на ЈЗУ Општа Болница - Струмица.



Во  реализацијата на овој проект од исклучително заначење за модернизацијата на здравствениот систем во републиката и посебно општината, покрај ЈЗУ Општа Болница  се вклучи и Локалната самоуправа  и Организација на жени од Струмица во соработка со Институтот за Човекови права Лудвиг Болтцман од Виена, поддржани од Австриска развојна агенција.



За таа цел Локалната самоуправа донира  Ултразвучен апарат со висока резолуција и електронски сонди- Ехо апарат специјално наменет за преглед на дојки.



Центарот за рано дијагностицирање на Болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица, пред многубројните присутни гости  од локалната самоуправа, јавниот и бизнис сектор, невладиниот сектор, како  и бројните здравствени работници, го даде во употреба Министерот за здравство Г-дин Имер Селмани, посочувајќи го овој пример за партнерска соработка достоен за почит од целата јавност во државата, воедно нагласувајќи дека тоа е примерот како треба заедно да се ангажираат сите актери во заедницата за добробит на своите граѓани.

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2