Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2007

2007-12-19


31.12.2007 | НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА,ЗОРАН ЗАЕВ. Почитувани граѓани, Сакам да ви посакам добро здравје, весел живот, вистинска љубов и семејна слога со многу насмевки!!! Новата 2008 година нека Ви донесе успешна хармонија меѓу духовното и материјалното

 






obrakanje.PDF
[превземи]

2007-12-18


31.12.2007 | Новогодишни пакетчиња за сите деца на родители приматели на социјална помош. Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им подари новогодишни подароци на деца на самохрани мајки, деца на родители приматели на социјална помош и деца на бранителите.

2007-12-17

28.12.2007 | Струмица македонскиот економски тигар. Новогодишниот број на угледниот економски неделник Капитал објави текст со наслов: “Струмица е македонскиот економски тигар”. Капитал нагласува “Во последните неколку години Струмица стана една од економски најмоќните општини во Македонија”.
превземи го текстот

2007-12-16

27.12.2007 | Предновогодишна забава за децата со интелектуална попреченост. По повод Нова Година, од страна на штитеницете на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА Струмица, децата со посебни потреби,беше организирана скромна предновогодишна прослава.

 

По повод Нова Година, од страна на штитеницете на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА Струмица, децата со посебни потреби,беше организирана скромна предновогодишна прослава. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев со своето присуство ја зголеми огромната радост на бескрајно среќните детски лица.



За оваа пригода, Општина Струмица на сите дечиња им обезбеди Новогодишни пакетчиња. Градоначалникот асистирајќи му на Дедо Мраз уште еднаш ја покажа својата хумана дименција, потврдувајќи ја грижливоста на општината за сите подеднакво.



Оваа скромна прослава беше дел од програмата на Клубот за времено опфаќање на лица со интелктуална попреченост - ПОРАКА , за 2007 год.

2007-12-15

26.12.2007 | Отворен психосоцијалниот клуб за апстиненти од психоактивни супстанци и стабилни корисници на метадонска програма. Општинската визија за новото современо утре, темелена на цврсти партнерски релации со сите општествени чинители во заедницата уште еднаш беше потврдена од страна на градоначалникот Зоран Заев со ставањето во функција на Психосоцијалниот клуб во Центарот Св.Елисавета во Струмица.

Општинската визија за новото современо утре, темелена на цврсти партнерски релации со сите општествени чинители во заедницата уште еднаш беше потврдена од страна на градоначалникот Зоран Заев со ставањето во функција на Психосоцијалниот клуб во Центарот Св.Елисавета во Струмица. Практикувајќи го моделот на споделена одговорност за континуиран социоекономски развој на заедницата и овој пат ја потврди силната заложба за приближување на општината и републиката кон современите европски и светски развојни процеси. Овој проект беше плод на повеќемесечна плодна партнерска соработка меѓу Општина Струмица, Македонската Православна Црква – Струмичка Епархија и Здружението за превенција, советување, лекување и заштита на човековите права на корисниците на дрога и други маргинализирани групи Избор од Струмица со логистичка поддршка на Министерството за внатрешни работи Струмица и Центарот за социјална работа – Струмица. Овој клуб, во иднина, на оваа целна група ќе им ги обезбеди сите услови кои досега им недостасуваа во насока на спроведување на нивните секојдневни креативни активности кои се од пресудно значење за нивното понатамошно психосоцијално јакнење.

2007-12-14

18.12.2007 | Избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за 2007 година. На 14.12.2007 година (петок), во ресторанот Студио ИН, во организација на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица беа избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за изминатата 2007 година.

 

На 14.12.2007 година (петок), во ресторанот Студио ИН, во организација на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица беа избрани најдобрите спортисти на Општина Струмица за изминатата 2007 година. Најдобрите спортисти на Општина Струмица за 2007 година беа избрани по комбиниран модел во кој 20 % од гласовите ги дадоа граѓаните преку СМС пораки, 40 % спортските новинари (Ване Трајков, Љупчо Маџиров, Тони Караколев и Ристо Тасев) и 40 % тренерите на спортски клубови (Кирил Ричлиев, Киро Велков, Југослав Тренчовски и Драган Јанков).



Во категоријата НАЈДОБРА МЛАДИНСКА ЕКИПА беа номинирани 11 младински екипи. Најуспешна за изминатата година е одбојкарскиот клуб МАКЕДОНИЈА МАКС (Младинки) која е државен шампион во оваа конкуренција. Второто место го освои кошаркарскиот клуб МИЛЕНИУМ (Пионери) а третопласирана беше пионерската екипа на одбојкарскиот клуб МАКЕДОНИЈА–ЏИО. Наградите на најуспешните ги додели Сава Самаракова – Советник при Советот на Општина Струмица.



Во категоријата НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ беа номинирани 21 спортист. Првопласирана беше СЕРАФИМОВСКА БИЛЈАНА од ПАЕК Маратон, која годинава се искачи на највисокиот врв во Европа, Мон Блан. Второто место го освои ДИМИТРИЕВ ВАСКО од Кунф-Фу Кик Бокс клубот Струмица кој на Светското првенство во Карлсруе Германија го освои бронзениот медал. Третото место го освои ЃОРГИЕВА ЗОРИЦА од Одбојкарскиот клуб Македонија Макс. Наградите на најуспешните ги додели Панче Орцев, директор на ЈП Комуналец – Струмица.



Во категоријата НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИНСКА КАТЕГОРИЈА беа номинирани 7 тренери на младински екипи. Првото место го освои ЈАНКОВ ЗОРАН, од Одбојкарскиот клуб Македонија Макс, второпласиран е РИЧЛИЕВ КИРИЛ од Одбојкарскиот клуб Македонија Џио (пионери) а третото место го освои ЗЕТОВ ЗЛАТКО, тренер на кадетската екипа на кошаркарскиот клуб МИЛЕНИУМ. Наградите на најуспешните ги додели Никола Пефкев Советник при Советот на општина Струмица.



Во категоријата НАЈДОБАР ТРЕНЕР во сениорска конкуренција беа номинирани 5 тренери. Најдобар тренер за 2007 е СПАСОВ ЗОРАН од Кунг Фу Кик Бокс клубот Струмица. Само два поени зад него заостана тренерот на Одбојкарскиот клуб Македонија Џио, РИЧЛИЕВ КИРИЛ, а третопласиран беше ЃУЗЕЛОВ НАЌЕ тренер на спортско риболовното друштво Трофеј. Наградите на најдобрите во оваа категорија ги додели Кирил Парталов, Секретар на општина Струмица.



Шампионската екипа на Кошаркарскиот клуб СТРУМИЦА убедливо беше првопласирана во категоријата НАЈДОБРА ЕКИПА каде беа номинирани 8 екипи. Второто место го освои вицешампионот во одбојкарското првенство, МАКЕДОНИЈА ЏИО, а третопласирани беа одбојкарките на МАКЕДОНИЈА – МАКС. Наградите ги додели Александар Трајковски, Советник во Советот на општина Струмица.



Капитенот на КК Струмица, ЕФТИМ БОГОЕВ беше избран за НАЈДОБАР СПОРТИСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА 2007 година. Во оваа категорија беа номинирани 11 спортисти. Второпласиран беше МИЛЕВ ВЛАДО од Одбојкарскиот клуб Македонија Џио а третото место го освои НИКОВСКИ ГЕОРГЕ од Кунг-Фу Кик Бокс Клуб Струмица кој на Светското првенство во Германија го освои бронзениот медал. Наградите ги додели Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.



Организаторот на манифестацијата Спортист на годината, додели посебна награда на Димитар Петков – Словенецот, постхумно за огромен допринос во спортот и кошарката. Награди добија и ФК Беласица – за 85 години од формирањето, ОК Струмица – за 60 годишниот јубилеј, ОК Македонија - Џио - за 35 годишниот јубилеј, КК Струмица – За шампионска титула во сезоната 2006/07, и Навивачка група АЈДУЦИ - за огромниот допринос кој го даваат на спортските клубови.

Страница 1 од 4

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544