Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2008

2008-7-6


30.07.2008 | ПОДДРШКА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ПОДДРЖУВАЧИ НА ЗОРАН ЗАЕВ “ПРАВДА ЗА ПРАВЕДНИТЕ”. Основната синдикална организација при Локалната самоуправа Струмица, денес изрази целосна поддршка за сите активности кои ги превзема Здружението на граѓани поддржувачи на Зоран Заев “Правда за праведните”. Во таа насока Основната синдикална организација при Општина Струмица...

Основната синдикална организација при Локалната самоуправа Струмица, денес изрази целосна поддршка за сите активности кои ги превзема Здружението на граѓани поддржувачи на Зоран Заев “Правда за праведните”.
Во таа насока Основната синдикална организација при Општина Струмица ги поддржува вработените во локалната самоуправа за нивно вклучување кон сите форми на протести организирани од Здружението на граѓани поддржувачи на Зоран Заев “Правда за праведните”.

 

2008-7-5


29.07.2008 | ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА.
Заради селективниот однос на Власта кон одредени личности нивни неистомисленици, кршењето на човековите права и слободи, непочитувањето на презумпцијата на невиност и целосното попречување на демократските процеси во државата, потврдени со спектакуларниот начин на притварање на Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев...

Заради селективниот однос на Власта кон одредени личности нивни неистомисленици, кршењето на човековите права и слободи, непочитувањето на презумпцијата на невиност и целосното попречување на  демократските процеси во државата, потврдени со спектакуларниот начин на  притварање на Градоначалникот  на Општина Струмица Зоран Заев и неговите соработници, Извршниот одбор на Основната Синдикална Организација при Локалната самоуправа - Струмица, одлучи вработените во Локалната самоуправа својот револт да го изразат преку протест, заради ускратената можност на Градоначалникот и неговите соработници да се бранат од слобода.

2008-7-4

23.07.2008 | СООПШТЕНИЕ ДО МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
,,Отстрелот” на политичките неистомисленици со власта во Република Македонија добива загрижувачки димензии. Обидите за моја политичка елиминација и дискредитација, но и за нарушување на човечкото достоинство, низ разни притисоци, конструкции и закани, траат подолго време...

,,Отстрелот” на политичките неистомисленици со власта во Република Македонија добива загрижувачки димензии. Обидите за моја политичка елиминација и дискредитација, но и за нарушување на човечкото достоинство, низ разни притисоци, конструкции и закани, траат подолго време, а кулминираа со обвинението за злоупотреба на службена должност при изградбата на градскиот пазар во Струмица.
Јавното обвинителство и МВР ја темелат својата хајка против мене и моите соработници на три главни обвиненија:
1. Непочитување на правото на денационализација
2. Прекршен закон за јавни набавки
3. Објектот е изграден на државно земјиште без согласност на Владата.
Во името на вистината, а во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија фактите го зборуваат следното:
1.Обвинение: не е почитувано право на денационализација !
Лицата кои бараа да им се врати земјиштето на локацијата на сегашниот градски пазар тоа го направија во судски постапки. Процесот заврши со правосилни судски одлуки донесени од основен суд и потврдени на апелационен суд со кои им се отфрлија барањата и тоа на основ на законот за денационализација. На локацијата има дефинирано јавен интерес од 1968 година кога е изграден пазарот во Струмица, а тоа се гледа од Генералните урбанистички планови од тогаш до денес.
2. Обвинение: прекршен закон за јавни набавки !
Општина Струмица нема потрошено ниту еден денар за изградба на овој проект а со тоа и не сме законски обврзани да спроведеме процедура за јавна набавка, но сепак во максимално транспарентна постапка избравме соинвеститор. Општината не набави ништо за потребите на овој проект и тоа може да се види од буџетите на општина Струмица кои се информации од јавен карактер.
3. Обвинение: дека градбата е на државно земјиште без согласност на Влада на Република Македонија !
Според сите позитивни законски прописи во Република Македонија на локација на која има дефинирано објект од јавен интерес може да се гради исклучиво ако земјиштето е во сопственост на Република Македонија, ако на таква локација земјиштето е приватно, прво треба да се изврши експропријација, да се запише во катастар на име на Р. Македонија и дури потоа да се определи кој ќе биде корисник на тоа земјиште а со тоа и кој ќе го гради. Тоа нешто е создадено со решение за експропријација од 1957 година. Од тогаш до денес корисник на тоа земјиште е ЈПКД Комуналец – Струмица, а како корисник има законско право на градба на тоа земјиште согласно генералниот и деталниот план од 1987 година.
Врз основа на овие непобитни факти, сите релевантни институции но и граѓаните на Република Македонија нека ја осознаат вистината и нека ја разрешат дилемата дали има правна основа за сомневање или станува збор за монтиран политички процес, кој за жал по директива и притисок на власта, продолжува понатаму. Власта продолжува со притисокот врз судството.
Шест невини луѓе, сосила се прават виновни. Шест семејства без причина се заложници на агонијата.
Некои луѓе ја погребуваат демократијата во Република Македонија. Ќе бидете ли рамнодушни кон сево ова или не, одлучувате самите. Утре ова може и Вам да Ви се случи.

Зоран Заев
Градоначалник на Општина Струмица

2008-7-3


17.07.2008 | РЕШЕНИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ИМЕНУВАЊЕ НА КОМИСИЈА.
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл.весник на РМ “ број 51/05 ) и член 39 од Статутот на општина Струмица (“Сл.гласник на општина Струмица” број 5/06) –пречистен текст, Градоначалникот на општина Струмица, донесе...

 

Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.41 во град Струмица

resenieanketa1.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за организирање на јавна анкета по Нацрт - Деталниот урбанистички план за Блок бр.41 во град Струмица
resenieanketa2.pdf
[превземи]


Р е ш е н и е за именување на Комисија за спроведување на јавната презентација и јавна анкета по Нацрт – Деталиот урбанистички план за блок бр. 41 во град Струмица
resenieimenuvanje.pdf
[превземи]

2008-7-2


08.07.2008 | ОПШТИНА СТРУМИЦА УПАТУВА ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРОКРЕДИТ БАНКА. Под мотото “Штеди ја природата” во текот на изминатата недела, Прокредит Банка реализираше две еколошки акции, Чистење на брана Водоча и Поставување на корпи за одпадоци на Трим патеката Ловен дом – Св. Илија во кои беа вклучени вработени од Прокредит банка, Општина Струмица и ЈПКД Комуналец како и повеќе граѓани кои доброволно се приклучија кон акциите...

На 28.06.2008 (сабота) беше организирана акција за чистење на најразличен отпад од Брана Водоча, при што беа поставени 10 корпи за отпадоци на истата локација, додека една недела подоцна на 05.07.2008 (сабота) беа поставени 19 корпи за отпадоци по должината на трим патеката Ловен дом – Св. Илија.

Како и многупати досега Општина Струмица и ЈПКД Комуналец целосно ги прифатија овие активности и активно се вклучија во нивната реализација.

Врз основа на покажаната свест за заштита на животната средина, Општина Струмица упатува јавна благодарност до Прокредит банка за реализираните еколошки активности и изразува надеж дека ваквиот пример ќе го следат и други компании.







2008-7-1


03.07.2008 | ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Младински културен центар, цветен пазар, центар за пензионери и стари лица, центар за планско-земјоделско производство за градење на бренд за здрава еколошка храна се проектите што ги одбраа членовите на работните маси на Третата форумска сесија од програмата “Форуми во заедницата“....

Центар за рехабилитација и ресоцијализација на корисници на дрога и алкохол, клуб за психосоцијална поддршка на лица заболени и оперирани од карцином, младински културен центар, цветен пазар, искористување на потенцијалите на планините Беласица и Еленица за туристичко рекреативни и едукативни активности, центар за пензионери и стари лица, центар за планско-земјоделско производство за градење на бренд за здрава еколошка храна и реновирање и опрема на спортски терени и сали во основните и средните училишта се проектите што ги одбраа членовите на работните маси на Третата форумска сесија од програмата “Форуми во заедницата“ што се одржа во Домот на АРМ на 3 јули во Струмица.

На форумската сесија присуствуваа околу 100 граѓани и околу 20 гости. Форумската сесија започна со обраќање на амбасадорката на Швајцарија во Македонија Nicole Wyrsch и претставничката од Министерството за економија Николина Трајановска. Според амбасадорката, Струмичани докажаа дека имаат капацитет да создадат квалитетни проекти, Таа посочи дека особено радува фактот што Струмица може да се спореди со помалите места во Швајцарија затоа што граѓаните докажаа дека можат и знаат како да прифатат и сработат програма како што е Форуми во заедницата. “Мора да се гледа долгорочно и да се внимава проектите што ќе се спроведат преку „Форуми во заедницата“ да имаат одржлив развој“, препорача од своја страна, претставничката на Министерството за економија Трајановска.

Сесијата продолжи со двеминутна презентација на секој предлог проект од секоја работна група. На оваа форумска сесија се разви жива дискусија во врска со предлог проектите, а работните групи имаа можност да поставуваат прашања за и околу проектите. За поголемиот дел од проектите се покажа дека се изводливи и дека имаат одржлив развој а со тоа обезбедија и согласност од присутните за натамошно развивање и изработка.

Останува Струмичани, кои се вклучени во Програмата до следната сесија што ќе се одржи во септември, да се подготвуваат, да истражуваат и создадат квалитетни проекти за кои во наредните сесии ќе треба да лобираат и присутните граѓани со право на глас да дадат глас токму за нивниот проект.
Граѓаните, на овој начин, одлучуваат каде и на кои проекти ќе се потрошат шестте милиони денари од кои четири се од швајцарската агенција за развој и соработка, а два милиони учество на општината.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544