Вести - Ноември 2008
2008-11-8 PDF Печати

21.11.2008 | НАГРАДА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА, ПОКАНА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ
Наградата за Социјална интеграција претставува дел од Програмата за социјални прашања на ЕРСТЕ Фондацијата заради поддршка на иновативни проекти кои ќе придонесат за подобрување на Европското општество. На ден 19.11.2008 година во Дом на АРМ , пред околу стотина претставници...

Наградата за Социјална интеграција претставува дел од Програмата за социјални прашања на ЕРСТЕ Фондацијата заради поддршка на иновативни проекти кои ќе придонесат  за подобрување на Европското општество.

На ден 19.11.2008 година во Дом на АРМ , пред околу сто претставници на бројни  Граѓански организации во Општина Струмица, Претставници на ЕРСТЕ Фондацијата од Австрија ја појаснија историјата на наградата за Социјална интеграција, како и активностите и роковите за апликација на проекти. Наградниот фонд  изнесува 295.000 евра.
На средбата беше кажано дека десет проекти ќе бидат наградени со финасиска поддршка за нивната континуирана посветеност во работата, а уште десет ќе добијат награди за почесно споменување. Шеесет финалисти ќе бидат повикани да присуствуваат на свеченото доделување на наградите во Букурешт во јуни 2009 година.
Присутните гости и претставници на Граѓанскиот сектор ги поздрави и охрабри да аплицираат за оваа награда Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев.





 
2008-11-7 PDF Печати


21.11.2008 | ДЕН НА ДРВОТО
И Општина Струмица беше дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ На површина од околу 10 ха на локалитетот „Еленица” над градот Струмица беа засадени околу 20.000 дрвца, чемпрес и багрем. По дождливо време оваа локација ја пошумуваше Општинската администрација, вработените во институциите на системот, учениците, граѓаните и сите оние кои...

Општина Струмица беше дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“

На површина од околу 10 ха на локалитетот „Еленица” над градот Струмица беа засадени околу 20.000 дрвца, чемпрес и багрем.
По дождливо време оваа локација ја пошумуваше Општинската администрација, вработените во институциите на системот, учениците, граѓаните и сите оние кои изразија желба да бидат дел од истата.
Акцијата „Дена на дрвото - засади ја својата иднина“ беше поддржана од ЈПКД Комуналец Струмица и од Македонски шуми-подружница Струмица.
Започнувањето на акцијата беше одбележано со засадувањето на дрвце од страна на  Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.







 
2008-11-6 PDF Печати


19.11.2008 | ОТВОРЕН ДЕН ЗА ДИСЕМИНАЦИЈА НА НАЈДОБРАТА ПРАКТИКА
Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“ со кој Општина Струмица ја доби престижната награда Најдобри општински практики за 2008 година за проектот Реконструкција и надградба на Градскиот пазар, беше организиран отворен ден за ширење и дисеминација на најдобрата практика кон останатите...

Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“ со кој Општина Струмица ја доби престижната награда Најдобри општински практики за 2008 година за проектот Реконструкција и надградба на Градскиот пазар, беше организиран отворен ден за ширење и дисеминација на најдобрата практика кон останатите општини.

На отворениот ден присуствуваа петнаесетина градоначалници на општини од Македонија, претставници на ЗЕЛС, Совет на Европа, како и претставници на УСАИД.

Од име на Општината проектот и придобивките од неговата реализација ги образложи градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев. Присутните гости беа запознаени со сите детали неопходни за имплементитација на проектот по што и лично ги посетија првиот затворен пазар и првата катна гаража во Македонија.

Големата заинтересираност од останатите општини за струмичкиот модел на јавно – приватно партнерство со помош на кој се реализираше проектот Реконструкција и надградба на Градски пазар значи дека овој модел како докажана пракса може да се примени и во останатите локални самоуправи во Р.Македонија.

НАЈДОБРИ ОПШТИНСКИ ПРАКТИКИ ЗА 2008ГОД.
РЕКОНСТРУКЦИЈА И НАДГРАДБА НА ГРАДСКИ ПАЗАР - брошура










 
2008-11-5 PDF Печати


17.11.2008 | ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
Ве известуваме дека Јавните собири кои се организираат на иницијатива на Градоначалникот Зоран Заев согласно неговите законски и статутарни овластувања, заради дефинирање на приоритетите на урбаните, односно месните заедници, сеуште траат...

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !

И оваа недела информираме за општински активности од повеќе области.

Ве известуваме дека Јавните собири кои се организираат на иницијатива на Градоначалникот Зоран Заев согласно неговите законски и статутарни овластувања, заради дефинирање на приоритетите на урбаните, односно месните заедници,  сеуште траат.
Во сабота на 15ти Ноември 2008 година во 19 часот, во Дом на АРМ ќе се одржи Јавен собир за граѓаните од I, II, V, и VI  урбана заедница, а во недела во истиот термин и на истото место ќе се одржи Јавен собир за III, IV и VIII Урбана заедница.
Ве молиме за Ваше присуство заради  обезбедување на што повеќе предлози за добри решенија.

Од културните активности известуваме за Возвратната посета на Општина Струмица, Република Македонија на Општина Пјаченца, Република Италија.
Во рамките на манифестацијата „НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ“ и реализацијата на проектот „Размена на Културни вредности и искуства“ општинска делегација, Советници од Советот на општина Струмица и Пратеници од  Детскиот Парламент ја потврдуваат заедничката заложба за мултикултурна соработка меѓу двете општини.

Од одделението за Локален Економски развој Ве информираме за:
Активности на меѓународен план. Делегација од Општина Струмица ја посети  Република Турција, општина Илиџа, Анталија во рамките на Програмата на Европската унија за развивање на соработката помеѓу општини од земји кандидатки за членство во Европска Унија и земји  членки на  Европска Унија.
Општина Струмица како партнер во овој проект заедно со Општина Илиџа Анталија и Општина Балатон Унгарија е прва општина во Државата вклучена во таков вид на соработка.
Проектот е финасиран од ЕУ со цел градење на општински сервиси според ЕУ стандарди.
Во рамките на оваа посета беше остварена и  средба со Градоначалникот на општина Илиџа Анталија, г-динот Рафет Унал заради продлабочување на меѓуопштинската соработката.
Општина Струмица во контекст на Добиената награда за најдобра практика за проектот „Реконструкција и надградба на Градскиот пазар“ во понеделник на 17ти Ноември во 11 часот, организира отворен ден за десеминација и ширење на практиката кон другите општини. Во рамките на оваа активност, на Состанокот во Струмица ќе присуствуваат претставници на ЗЕЛС, Советот на Европа, Европската Унија, Усаид и други високи гости. Целта на овој состанок е ширење на искуства и пренесување на струмичкиот модел за јавно приватно партнерство и во другите општини во државата.

Од Секторот за урбанизам и комунални работи известуваме за
Завршните активности за поплочување на тротоарите со бекатон плочки на Улица „Младинска“ и поставувањето на Столбчиња на  тротоарите на „Младинска“ пред Јавната здрвствена установа Општа Болница Струмица и на Булеварот „Маршал Тито“.
Поради недостапност на соодветна опрема за асфалтирање, на дел од улицата 5ти Ноември се отпочна со бетонирање.
Отпочнато е  редовното годишно чистење на каналот на Улица „Крушевска Република“, заради  надминање на еден од  многу важните проблеми на граѓаните од тој дел на градот.
Извршено е гребење на асфалт на улица „ Балканска“ на потегот од Кружниот тек до улицата „ Дрварска“, заради поставување на втор слој на асфалт.
Во недела на 16ти Ноември 2008 година во 12 часот, свечено ќе се предаде во употреба Водоводот во селото Дабиље со што ќе се заокружи процесот на обезбедување чиста вода за пиење во градот Струмица и сите населени места во општината, единствен таков пример во државата.
Ве известуваме дека Општина Струмица активно се вклучува во акцијата за озеленување на нашата држава „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.
Акцијата за пошумување на локалцијата над „Еленица“ ќе се одржи во среда 19 ноември 2008 година, со почеток во 10 часот.  Пожелно е секој заинтересиран граѓанин  да даде свој допринос.

Почитувани граѓани!, следете ги редовно неделните информативни известувања  за работата на Општина Струмица заради Ваше корективно вклучување во понатамошното  работење на општината.

Благодарам!                                                              ОПШТИНА СТРУМИЦА
МЕДИА ЦЕНТАР

 

 
2008-11-4 PDF Печати

07.11.2008 | Конкурс за доделување на  награди  за литературен
состав посветен на градот Струмица.
Комисијата за општествени дејности при Советот на Oпштина Струмица, го распишa конкурсот за доделување на награди за литературен состав посветен на градот Струмица...

 

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр.5/06) Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, по повод  11 декември, денот на заштитниците на град Струмица  “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” распишува:

КОНКУРС
за доделување на  награди  за литературен
состав посветен на градот Струмица

Со литературни творби (поезија и проза)  посветени на  градот Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите  во категориите за  ученици од основните и средните се  состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите  во категоријата “возрасни граѓани” се  состојат од диплома и паричен износ.
Литературните творби посветени на градот Струмица, во шифрирана форма, треба  да се достават во 3 (три) примероци  на адреса: Комисија за опшествени дејности  при Советот на општина Струмица со назнака  за литературна награда,   во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица  ул.”Сандо Масев” бр. 1.
Конкурсот трае заклучно со 25 ноември 2008 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Дополнителни информации на тел:  ( 034) 348-030,локал 105 и 106.

 

 

Комисија за општествени дејности
при Советот на општина Струмица

 
2008-11-3 PDF Печати


07.11.2008 | Конкурс за доделување на Годишна награда на Oпштина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.
Комисијата за општествени дејности при Советот на Oпштина Струмица, го распишa конкурсот за доделување на годишното општинско признание “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици...

Врз основа на член  10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица”  бр. 5/06) и член  28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на општина Струмица”  бр. 19/07), Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица,   распишува:

КОНКУРС
за доделување на Годишна награда на општина Струмица
Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

1. Годишната награда на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание  на Општина Струмица  на правни и физички  од Општина Струмица, Република Македонија и  други држави како и на меѓународни организации и асоцијации  и нивни претставници за посебни остварувања во:  стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес  за развој  и афирмација  на Општина Струмица во Република Македонија и пошироко.

2. Наградата се доделува  за остварувања  реализирани  во период од една година, сметано од завршувањето  на огласот и за остварувања  во период подолг од десет години  како награда за животно дело.

3. Наградата на поедници  и група творци се состои  од диплома, плакета и паричен износ.

4.Наградата на  правни лица  се состои од диплома и плакета.

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации  или на нивни претставници,  се  состои од диплома и плакета.

6.Наградата за животно дело се состои  од диплома, плакета и паричен износ.

7. Право  за предлагање на  кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани - поединци.

8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се  доставува предлогот.
Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9.Предлозите во 6 (шест) примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности  при Советот на општина Струмица со назнака  за Годишна награда, Струмица,  лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица  ул.”Сандо Масев” бр. 1.

10. Конкурсот трае заклучно со 30 ноември 2008 година. Предлозите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Предлагачот  е потребно да да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Формулар
за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или овде.
Информации на телефон:  (034) 348-030 Локал 105 или 106.

 
2008-11-2 PDF Печати


07.11.2008 | ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
И оваа недела Општина Струмица практикувајќи го овој начин на комуникација со Вас почитувани, има намера не само да Ве информира за неделните активности, туку и да иницира Ваше активно вклучување во креирањето на општинската политика за градење општина по мерка на сите граѓани...

Од Секторот за урбанизам и комунални работи ве информираме за Интензивните градежни работи за реконструкција и санација на општинската административна зграда, многу важен споменик на културата, значаен белег на градот.
Интензивните градежни работи продолжуваат и на Булеварите „Маршал Тито и Климент Охридски“.
Гребење на втор слој од асфалтот заради нивно повторно асфалтирање, извршено е на  улиците „Панче Пешев“, „Невена Стојкова“ и „Славчо Стојменски“, а во подготовка за асфалтирање се потегот на Улицата Климент Охридски до базата на Градежното претпријатие „Пелагонија“ и главната улица во селото Раборци.
Извршено е асфалтирање и на џебот на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин, со што се реши еден од проблемите на граѓаните од овој дел.
Ве известуваме дека во тек е и заменување на лежечките полицајци пред училиштата на улиците „Моша Пијаде“, „Маршал Тито“ и „Младинска“.

Почитувани граѓани!
Огромните напори на Општина Струмица да се справи со еден од многу важните проблеми за граѓаните, сообраќајниот метеж во градот и околните места, состојба изразена преку небезбедна комуникација на возилата и граѓаните низ улиците на Струмица, во периодот кој следува треба да вроди со плод.
Од месец ноември, со вработувањето на Сообраќаен инженер, кој за жал до овој период беше дефицитарен кадар, Општина Струмица ќе може професионално да ги извршува задачите согласно надлежностите во областа на регулирање на сообраќајот, заради што им препорачуваме на сите граѓани кои имаат проблеми од овој тип да се обраќаат до соодветниот сообраќаен инженер во општината.

Во насока на решавање на овој проблем е отпочнувањето со работа на Јавното Претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „ Паркиралишта“- Струмица и во состав на истото функционирањето на „Пајак возилото“.
Овие денови се привршува со доекипирање и обуката на кадрите, како и воспоставувањето на соработката со надлежните од Министерството за внатрешни работи, со што сметаме дека во целост ќе се исполнат условите за функционирање на истото, согласно утврдените надлежности.

Затоа ги молиме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци и забраните за паркирање на местата несоодветни за тоа.

Благодарам!                                                           ОПШТИНА СТРУМИЦА
МЕДИА ЦЕНТАР

 
2008-11-1 PDF Печати


01.11.2008 | НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА
На 31 октомври 2008 година во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“, беа доделени наградите за 12те најдобри практики....

Во рамките на Програмата „Најдобри практики во Единиците на Локалната Самоуправа во Македонија“, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ја доби наградата за најдобра општинска практика во Единиците на локалната самоуправа во Македонија, за проекти поврзани со зголемувањето на квалитетот на услугите во процесот на децентрализација, за промовирање на учеството на граѓаните во процесот на донесувањето на одлуките и делот на финасискиот менаџмент-зголемувањето на приходите на општините.

Оваа програма ја реализира ЗЕЛС со поддршка на Европската Унија, Советот на Европа, ЕАР, УСАИД и Министерството за локална самоуправа.
Општинскиот проект „Реконструкцијата на Градскиот пазар - изградбата на Трговскиот центар Глобал“, еден од 12те најуспеши практики е дел од третиот сегмент на програмата, „финасискиот менаџмент-зголемувањето на приходите на општините“.



Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, примајќи ја наградата за најдобра општинска практика од Евроамбасадорот Фуере, уште еднаш ја потврди заложбата на Општина Струмица да биде пример за успешна локална единица во процесот на креирање на Европската иднина на Државата. Во таа пригода Заев истакна „Посебно за мене и се надевам за струмичани драга награда, заради тоа што овој проект предизвика огромно внимание во јавноста, проект заради кој јас и моите соработници бевме притварани од страна на власта, а денес токму со добивањето на оваа награда се покажа спротивното. Но вистината секогаш излегува на виделина. Јас само пред граѓаните ќе кажам, колку и да се искривува вистината сепак таа знае да излезе на површина. Денес вистината излезе на површина токму со оваа огромно признание од Советот на Европа, Европската Унија, УСАИД за најдобра практика која треба во иднина да биде практицирана и во останатите општини во Македонија и пошироко на балканските простори“.