Вести - Декември 2008
2008-12-12 PDF Печати


31.12.2008 | НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА,ЗОРАН ЗАЕВ. Почитувани граѓани, Сакам да ви посакам добро здравје, весел живот, вистинска љубов и семејна слога со многу насмевки!!! Новата 2009 година нека Ви донесе успешна хармонија меѓу духовното и материјалното.

 






obrakanje.PDF
[превземи]

 
2008-12-11 PDF Печати


24.12.2008 | ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (ЛАПВ)
Општина Струмица започна со изготвување на Локален акционен план за вработување(ЛАПВ), процес подржан од КАРДС Проектот „Техничка помош за подршка на политики за вработување(III фаза)“. За таа цел е формирано Партнерство на ЛАПВ на Општина Струмица од претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор...




Општина Струмица  започна со изготвување на Локален акционен план за вработување(ЛАПВ), процес подржан од КАРДС Проектот „Техничка помош за подршка на политики за вработување(III фаза)“. За таа цел е формирано Партнерство на ЛАПВ на Општина Струмица од претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Општина Струмица заедно со Партнерството на ЛАПВ следните три месеци ќе работи на изготвување на план, со кој ќе се идентификуваат стратешките приоритети во областа на вработување и можностите за мобилизирање и искористување на сите ресурси за потикнување на вработеноста во Општина Струмица.




 
2008-12-10 PDF Печати


18.12.2008 | ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА НАЈДОБО ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ ЗА СТАНДАРДОТ ПРОФЕСИОНАЛНОСТ
На 17 декември 2008 година во хотел „Александар Палас“, во рамките на Програмата „Етика на локално ниво – Лидерски сандарди и најдобри практики“ која ЗЕЛС ја остварува во соработка и подршка на Советот на Европа, Европската Унија, преку Европската Агенција за реконструкција и..




На 17 декември 2008 година во хотел „Александар Палас“, во рамките на Програмата „Етика на локално ниво – Лидерски сандарди и најдобри практики“ која ЗЕЛС ја остварува во соработка и подршка на Советот на Европа, Европската Унија, преку Европската Агенција за реконструкција и Министерството за локална самоуправа, општина Струмица доби признание за најдобро постигнати резултати во стандардот Професионалност и во рамките на истата програма, во официјалниот извештај од ЗЕЛС и Советот на Европа, Општина Струмица е потврдена како општина каде е постигнато највисоко ниво на исполнување на етичките стандарди од Програмата „Јавна етика на локално ниво – Кон ефикасна и демократска локална самоуправа“.


izvestaj_profesionalnost.pdf
[превземи]




 
2008-12-9 PDF Печати


17.12.2008 | ПОСЕТА НА СЕЛО БРАЈЧИНО - РЕСЕН

Денеска дел од вработените во Општина Струмица и дел од населените места Банско и Габрово(каде што има природни ресури и услови да се развие селскиот туризам) беа во посета на с.Брајчино – Ресенско каде што беа поканети за да се види веќе развиенот селски туризам...



Во с.Брајчино беа посетени неколку куќи кои што се уредени во старско – македонски стил и исто така посетија ресторан  кој беше уреден автентично како старите селски куќи.
Во ресторанот се служеа специјалитети препознатливи за овој Ресенски крај.



Селскиот туризам е доста развиен во овој крај и е многу  посетен од  странски туристи.



 
2008-12-8 PDF Печати


17.12.2008 | ПРЕДАВАЊЕ „ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДРОГА“ ВО ОУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ - КУКЛИШ
На 17.12.2008 година, во просториите на основното училиште „Даме Груев“-Куклиш, за членови на родителските одбори од паралелките, беше одржана едукативна работилница „Превенција од дрога“. Во организација на мисијата на општина Струмица, МВР-Струмица-одделение за превенција и мис...

На 17.12.2008 година, во просториите на основното училиште „Даме Груев“-Куклиш, за членови на родителските одбори од паралелките, беше одржана едукативна работилница „Превенција од дрога“.
Во организација на мисијата на општина Струмица, МВР-Струмица-одделение за превенција и мисијата на ОБСЕ-канцеларија во Скопје, на родителите им беа презентирани статистички податоци од злоупотребата на дрогата, видовите на дрога кои се користат на територијата на државата, дејствувањето од злоупотреба на дрога, препознавањето на знаците на користење наркотични средства и други информации од таа област.
На родителите им беа поделени информатори за тоа како да се однесуваат и од кого да побараат помош во случај на дознавање на вистината дека нивното дете или детето на близок роднина или пријател започнало да се однесува чудно, непрепознатливо, да користи чудни средства за „смирување“, односно кога ќе се посомневаат дека се работи за злоупотреба на дрога.
Презентацијата беше извршена од страна на стручни лица од МВР-Струмица-одделение за недозволена трговија со дрога, Центарот за третман на зависници „Св. Елисавета“-Струмица и претставник од општина Струмица.
Подржувајќи ги овие активности, општина Струмица ќе продолжи да соработува и остварува средби со Советите на родители од основните и средните училишта од Струмица и на различни теми и области да одржува едукативни работилници, предавања и други средби од интерес на воспитно-образовниот процес, инфраструктурната поставеност во училиштата и квалитетот во образованието.

 
2008-12-7 PDF Печати


17.12.2008 | Седумдесет и седма седница на Советот на Општина Струмица.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за 23.12.2008год. (вторник) во 11.00 часот.
Дневниот ред за 77 седница може да го превземете

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 23.12.2008 год.(вторник). Седумдесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства  во Буџетот на општина Струмица;
  2. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2009 година;
  3. Предлог-Годишна програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2009 година;
  4. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2009 година;
  5. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2009 година;
  6. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2009 година во Општина Струмица;
  7. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2009 година;
  8. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2009 година;
  9. Предлог- Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општина Струмица;
  10. Предлог-Одлука за одржување на јавната чистота во општина Струмица;
  11. Предлог-Програма за одржување  на јавната чистота на подрачјето на општина Струмица  за 2009 година;
  12. Предлог-Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финасиски средства за изградба,  реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  во општина Струмица за 2009 година;
  13. Предлог - План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи за 2009 година;
  14. Предлог-Програма за работа на Територијалната професионална противпожарна единица - Струмица  во 2009 година со  годишен план за настава и обука;
  15. Предлог-Одлука за проект од областа на образованието;
  16. Извештај  за реализација на Струмичкиот карневал во  2008 година;
  17. Предлог-Програма за подготовка на Струмичкиот карневал  во  2009 година;
  18. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план  за дел од  блок бр. 14 во Струмица;
  19. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план  за делод  блок бр. 4 во Струмица;
  20. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план  за дел од   блок бр.3-А  во Струмица;
  21. Предлог – Заклучок за утврдување на Нацрт- детален урбанистички план  за дел од   блок бр. 33-2 во Струмица;
  22. Предлог за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД “Комуналец” за 2009 година;
  23. Предлог за давање согласност на Одлука на УО на ЈПКД “Комуналец” Струмица” за прераспоредување  на надоместокот за изнесување на смет од домаќинствата.
  24. Информација за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот   на патиштата, со дополнителни информации од  СВР Струмица;

Напомена: Предлог-Буџетот и Предлог-Одлуката за извршување на буџетот за 2009 година Ви се доставени  во електронска форма  со допис бр. 07-6021/1 од 03.12.2008 година. Предлог-Програмите за развој што се составен дел на Буџетот, со исправки на техничките грешки Ви се доставени со допис бр. 07-6021/2 од 28.11.2008 година. Дополнително Ви се доставуваат и со материјалот за оваа седница.
Увид  во    Нацрт-деталните урбанистички  планови што се предмет на  дневен ред, може  да се  изврши во Одделението за урбанизам при Секторот за урбанизам и комуналии на општина Струмица


Совет на општина Струмица
Претседател,
Зоран Ристов

 
2008-12-6 PDF Печати


16.12.2008 | 15-ти традиционален Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал Струмица 2008/2009.
Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица, и оваа година ќе се организира „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2008/2009...

 




I – место 120 000 денари
II – место 60 000 денари
III – место 30 000 денари
IV – место 10 000 денари

Котизацијата за учество: Сениори - 4.000 денари и Кадети и Пионери - 3.000 денари.. Пријавувањето на екипите ќе трае до 21 Декември 2008 год. Турнирот ќе се одржи во периодот од 22 Декември 2008 до 15 Јануари 2009 година, во спортската сала при СОУ “Никола Карев“.

 

За подетални информации и пропозиции информирајте се во просториите на Општина Струмица, канцеларија бр.8 или на тел. 070 998-965.

 
2008-12-5 PDF Печати


15.12.2008 | Известување од Министерство за транспорт и врски
Министерството за транспорт и врски објави рок за пријавување за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во Општина Струмица, наменето за изградба на објекти за лесна индустрија, сервиси и стоваришта...

 

Објава


mtc_objava.pdf
[превземи]

 
2008-12-4 PDF Печати


11.12.2008 | Одржана Свечена седница по повод празникот
“Свети Петнаесет Тивериополски Маченици – Заштитник на градот.

Денеска се одржа Свечена седница по повод празникот “Свети Петнаесет Тивериополски Маченици – Заштитник на градот, во Домот на АРМ во Струмица...

 

Седницата започна во 12 00 часот, со поздравен говор на Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.



Седницата продолжи со доделување на општински награди и признанија за 2008 година и доделување на награди на најуспешните на Конкурсот за литаратурно – поетски состав, по повод денот на заштитниците на Струмица  - “Свети Петнаесет Тивериополски Маченици”

Доделувањето на награди за литературен состав посветен на градот Струмица, се спроведе во следниве три категории:

  1. Ученици од основните училишта
  2. Ученици од средните училишта
  3. Возрасни автори

За секоја од овие категории се доделуваше прва, втора и трета награда.

Наградата  “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за животно дело во 2008 година постхумно се додели на:
Професор доктор Петар Миљковиќ Пепек.

Годишната награда за општина Струмица “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за 2008 год. како признание на Општина Струмица за посебни остварувања се доделуваа на :
1. Билјана Серафимова, за врвни спортски резултати во алпинизмот и спортското качување.
2. Фудбалки клуб Беласица” од Струмица (пионери – генерации 93/94) за врвни достигнувања во фудбалскиот спорт.
3. Професор доцент маестро Васил Атанасов, во областа на музичката дејност.
4. Госпоѓа Софија Гогова Врчаковска, во областа  на драмската уметност.
5. Професор  д-р Драги Горгиев, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
6. Професор д-р Митко Панов, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
7. Професор д-р Марија Пандевска, за придонес во истражувањето на историјата, културата и традициите на Струмица.
8. Слаткарница Бисер” од Струмица, за придонес во областа на занаетчиството.
9. Рафинерија за масло Ал Макс” од Струмица, за десет годишниот јубилеј и посебни остварувања во стопанството.
10. Дијаконија Македонија Мис Соун Центар” Струмица во областа на хуманитарно социјалните дејности.

Наградата за животно дело беше составена од диплома, плакета и парични средства во износ од четири просечни нето плати исплатени во Р.М.
Наградата за физички лица се состои од диплома, плакета и парични средства во износ од една нето плати исплатени во Р.М.
Наградата за правни лица се состои од диплома и плакета.

 

 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2