Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2009

2009-9-7


19.09.2009 | Десетта седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа десеттата седница на Советот на општина Струмица за 23.09.2009год. (среда) во 12.00 часот.
Дневниот ред за десеттата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ десеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 23.09.2009 год. (среда). Десеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од деветтата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н    р е д

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во   Буџетот на Општина Струмица за 2009 година;
  2. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Сртумица за 2009 година;
  3. Предлог - Одлука  за пренесување на користењето  и управувањето со водоводните системи  во  населените места Габрово и Баница;
  4. Предлог – Одлука за управување и одржување на градските гробишта;
  5. Извештај за работата на ЈПКД “Комуналец” Струмица за периодот од јануари – јуни 2009 година;
  6. Предлог за давање согласност на Одлука на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  7. Извештај за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2008/2009година;
  8. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Видое Подгорец”  Струмица во учебната 2009/2010 година;
  9. Извештај за работа на ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  10. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Никола Вапцаров”  Струмица во учебната 2009/2010 година;
  11. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  12. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Маршал Тито”  Струмица, во учебната 2009/2010 година;
  13. Извештај за работа на ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2008/2009 година;
  14. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Сандо Масев”  Струмица во учебната 2009/20010 година;
  15. Извештај за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино во учебната 2008/2009 година;
  16. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Маршал Тито”  Муртино, во учебната 2009/2010 година;
  17. Извештај за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле во учебната 2008/2009 година;
  18. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Св. Кирил и Методиј” Дабиле, во учебната 2009/20010 година;
  19. Извештај за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2008/20009 година;
  20. Предлог-Годишна програма за работа на ОУ “Герас Цунев” Просениково во учебната 2009/2010 година;
  21. Извештај за работа на ОУ “Даме Груев”  Куклиш во учебната 2008/2009 година;
  22. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Даме Груев”  Куклиш, во учебната 2009/2010 година;
  23. Извештај за работа на ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2008/2009 година; и
  24. Предлог-Годишна програма за работа на  ОУ “Гоце Делчев”  Вељуса во учебната 2009/2010 година.

Напомена: Извештајот за работата на ЈПКД “Комуналец” Струмица за периодот од јануари – јуни 2009 година, Ви е доставен со материјалот за деветата седница на Советот на општина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

2009-9-6


15.09.2009 | ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ
Организацијата на жени од Струмица објавува оглас за избор на Консултант за изработка на Програма за проектот за психо-социјална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином „ВИВА“-Клуб, кој се спроведува во рамките на програмата `Форуми во заедниците` имплементиран од страна на Центарот за Институционален Развој (ЦИРа), финансиски поддржан од...

Организацијата на жени од Струмица објавува оглас за избор на Консултант за изработка на Програма за проектот за психо-социјална поддршка на лица заболени и лекувани од карцином „ВИВА“-Клуб, кој се спроведува во рамките на програмата `Форуми во заедниците` имплементиран од страна на Центарот за Институционален Развој (ЦИРа), финансиски поддржан од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, (СДЦ) и Општина Струмица.
Консултантот ќе биде ангажиран 20 работни дена во периодот Септември/ Октомври 2009.

Потребни квалификации :

  1. Високо образование
  2. Искуство во креирање на Програми за работа. Искуството во изработка на програми од областа на здравството ќе се смета за предност
  3. Искуство во фацилитација
  4. Одлични комуникациски и организациски вештини
  5. Спремност за тимска работа

 

Заинтересираните кандидати својата биографија (CV) и мотивационо писмо да ги достават најдоцна до Петок 18.09.2009 година, на следнава адреса:
Организација на жени – Струмица
Ул. Димитар Влахов 39,
или на е-маил
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

2009-9-5


15.09.2009 | ЗЕЛЕНА НЕДЕЛА - ЗЕЛЕНА ЕСЕН 2009

Стремејќи се кон зачувување на животната средина, Општина Струмица активно се вклучува во светскиот календар, превземајки активности и вклучувајки ја јавноста во истите. Проектот наречен денови на Европска зелена недела, кои не потсетуваат да го зачуваме амбиенталниот воздух, помалку да...

Со истакнување цртежи на дрвјата на струмичкото корзо преку кои учениците од СОУ Јане Сандански ги искажаа своите размислувања за климатските промени и со засадување дрвца во училишниот двор, беше одбележан 16 септември – Денот на заштита на озонската обвивка. Со тоа, Општина струмица во партнерство со ЕД ,,Планетум“ и СОУ Јане Сандански ги отпочна активностите од проектот ,, Европска зелена недела“.









Во рамките на проектот, на 22 септември ќе се одржи ,,Ден без Автомобили“ во кој покрај Градоначалникот на Општина Струмица ќе бидат вклучени учениците од основните и средни училишта како и сите заинтресирани граѓани од општината. Истиот ден низ една улица затворена за автомобили ќе продефилираат 250 велосипедисти. Проектот ќе заврши на 25 сптември со акцијата „За почисти планини“ во која ученици од основните и средните училишта ќе направат прошетка до месноста „Св.Илија“ со собирање отпадоци. Проектот се реализира по идеја на Одделението за животна средина а има за цел подигање на еколошката свест кај граѓаните.









2009-9-4


11.09.2009 | 11 Септември, Ден на ослободување на Струмица.
Овогодишното празнување на 11 Септември денот на ослободувањето на Струмица отпочна со пригодна реч од страна на градоначалникот Зоран Заев од пред споменикот на револуцијата во градскиот парк каде повеќе делегации, претставници на институциите и политичките партии положија свежо цвеќе, а децата од Домот за деца и млади оддржаа рецитал во спомен на борците од Народно ослободителната војна.

2009-9-3


10.09.2009 | АКЦИЈА ЗА ЕВРОПА: ДЕН III – MK @ EU ВО СТРУМИЦА.
И општина Струмица беше дел од „Акција за Европа“ Шефот на мисијата на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија Владимир Милчин и претставникот на ирскиот Институт за европски прашања Ендру О'Рурк, со струмичани дебатираа за различни прашања поврзани со Европската унија и македонскиот...

И општина Струмица беше дел од „Акција за Европа“
Шефот на мисијата на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија Владимир Милчин и претставникот на ирскиот Институт за европски прашања Ендру О'Рурк, со струмичани дебатираа за различни прашања поврзани со Европската унија и македонскиот процес на пристапување. Ерван Фуере даде краток преглед на досегашниот тек на евроинтеграцискиот процес и подетално се задржа на тековната состојба. Тој нагласи дека процесот на пристапување содржи многу можности, но истовремено поставува и многу обврски. Реперите, односно приоритетите за неопходните реформи поставени во почетокот на 2008, година од страна на Европската комисија, се потсетување на овие обврски. Според Фуере, неодамнешните активности на Владата се охрабрувачки дека и останатите реформи ќе бидат завршени за кус временски период. Според него, три прашања заслужуваат поголемо внимание: правосудниот систем, борбата против корупцијата и партизацијата на јавната администрација. Според Фуере, носењето нови закони не е доволно, туку треба државата да создава човечки и финансиски ресурси за нивна целосна примена. Фуере се надева дека претстојниот Извештај на Европската комисија, во октомври, ќе донесе препорака за почеток на преговорите. Одговарајќи на прашањата на струмичани за сложените дипломатски односи со соседна Грција, тој нагласи дека единствен начин за решавање на проблемот со името е компромисот и заемната доверба и разбирање. Фуере потсети дека Грција е најголемиот странски инвеститор во Македонија и дека добрососедскиот однос носи огромен потенцијал.



Владимир Милчин нагласи дека секој граѓанин треба да придонесе Македонија да се движи кон ЕУ со брзо и стабилно темпо. Според него, „Акцијата за Европа“, во суштина е акција за Македонија. Ендру О'Рурк, во прегледот на поновата историја на Ирска, се осврна на проблемите на државата пред членството во европската заедица, предизвиците за време на преговорите за пристап, но и на проблемите во првите години од членството во унијата. О'Рурк го нагласи примерот на воспоставување стабилни дипломатски односи со Велика Британија,во контекст на сложените прашања меѓу двете држави околу Северна Ирска. Според него, заедничкото членство во Унијата придонело кон подобро меѓусебно разбирање. Ендру О'Рурк очекува членството во Унијата да ги подобри односите меѓу Македонија и Грција. Незаинтересираноста на граѓаните за евроинтегративните процеси, според О'Рурк е проблем, помалку или повеќе, на сите европски земји. Според него, тешко е да се задржи интересот на општата јавност за европските прашања без активно учесто на медиумите, кои треба да имаат централна улога во процесот на информирање. За жал, медиумите не секогаш ги интересираат случувањата и одлуките во Брисел. На информативната сесија, во организација на МЦЕО, граѓаните се информираа и за значењето и можностите од либерализацијата на визниот режим за македонските граѓани.



Третиот циклус настани од проектот „Акција за Европа“, насловен како „МК@EU“ го реализираат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ).

2009-9-2


09.09.2009 | Фестивал на камерен театар „ Ристо Шишков“.
Во рамките на бројните културни случувања во општина Струмица, овогодишниот 17 по ред Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, без сомнение остави особен белег во изразувањето на новите театарски видици на овие простори. Шеснаесете претстави на театрите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Косово користејќи есенцијален теат...

Во рамките на бројните културни случувања во општина Струмица, овогодишниот 17 по ред Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, без сомнение остави особен белег во изразувањето на новите театарски видици на овие простори. Шеснаесете претстави на театрите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Косово користејќи есенцијален театарски јазик, понудија нови инвентивни режисерски решенија со домининација на препознатлив перфекционизам во актерската игра кои ја воодушевуваа струмичката публика.

Актерката на Драмски театар, Ирена Ристиќ е добитник на наградата најуспешно актерско остварување кое го додели Меѓународното фестивалско жири, со кое претседаваше минатогодишниот лауреат Мето Јовановски. Оваа највиско признание на Ирена Ристиќ во конкуренција од над 70 актери од земјава и од странство и беше доделено за улогата на Дора во пртставата „Жената како воено поле“ во режија на гостинот од Бугарија, Владен Александров, а во продукција на Драмски театар од Скопје.



Жирито на Тркалезната маса на критиката на 17-тото издание на фестивалот, додели награда за најдобра претстава на „Ириг битиг“ во продукција на градскиот театар „Коџаели“ од Турција, работена по идеја и во режија на Емре Којунцуоглу.



Добитник на наградата од публиката е домаќинот-Секторт за тетарска дејност при Центарот за Култура „Антон Панов“ од Струмица за претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски.




Страница 1 од 2

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544