Вести - Јуни 2010
2010-6-13 PDF Печати


28.06.2010 | Работна конференција на локалниот совет за превенција од општина Струмица.
На 25 јуни 2010 година, во Домот на АРМ-Струмица, во проширен состав со претставници од општините во регионот, се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. На работната конференција приоритет му беше даден на...

На 25 јуни 2010 година, во Домот на АРМ-Струмица, во проширен состав со претставници од општините во регионот, се одржа работна конференција на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. На работната конференција приоритет му беше даден на идентификуваниот проблем кој секојдневно се гледа на раскрсниците, тротоарите и потесното централно подрачје во Струмица и се однесува на просјачењето од страна на малолетни деца и нивното недолично однесување како последица на родителската негрижа и злоупотреба на децата и сл.
Работната конференција ја отвори градоначалникот на општина Струмица, г-дин Зоран Заев, кој ги поздрави присутните и ја потенцира улогата на ЛСП кој врши координација на локалните и државните органи и институции и се грижи да ги решава идентификуваните проблеми од секојдневниот живот во општината.
Свое излагање со информации за предметната точка од дневниот ред имаа и претставниците од Центарот за социјални работи-Струмица, Народниот правобранител, Основното јавно обвинителство, Основниот суд-Струмица, Одделението за превенција при СВР-Струмица, Државниот просветен инспекторат и претставници од основни училишта од Општина Струмица.
На оваа работна конференција беа презентирани и проектните активности на Одделението за превенција при СВР-Струмица, кои се планира да се преземат во периодот јуни-август и септември-ноември 2010 година, а беше разгледана и информацијата за досегашните активности со заедничка соработка на ОБСЕ, Одделението за превенција и општините од регионот.
Работната конференција заврши со прифатен предлог за донесување акционен план. За таа цел беше формирана комисија составена од претставници на Центарот за социјална работа-Струмица, Општина Струмица, Народниот правобранител, СВР-Струмица и Младинскиот совет-Струмица.








 
2010-6-12 PDF Печати

25.06.2010 | Регионална средба на претставници од МОН и државниот просветен инспекторат со директори од основни и средни училишта и одговорни лица за образование од општините во регионот.
Во организација на Министерството за образование и наука на РМ и Државниот просветен инспекторат, на 24 јуни 2010 година во Дом на АРМ во Струмица, се одржа регионална средба со директорите од...

Во организација на Министерството за образование и наука на РМ и Државниот просветен инспекторат, на 24 јуни 2010 година во Дом на АРМ во Струмица, се одржа регионална средба со директорите од основните и средните училишта, одговорните за образование, овластените општински просветни инспектори и државните просветни инспектори од регионот  на општините Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово и Ново Село.
Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев, кој како домаќин на средбата ја поздрави иницијативата за работни средби на локалната самоуправа со претставници од надлежните министерства и инспекторати и на сите присутни им посака пријатна и работна атмосфера за прашањата кои произлегуваат од секојдневната работа и проблемите со кои се среќаваат основните и средните училишта и одговорните за образование од општините во регионот.
Во работниот дел свое обраќање имаа г-динот Љупчо Спасовски, раководител на секторот за основно и средно образование при МОН и г-динот Џорџе Арсов, директор на Државниот просветен инспекторат.
По предложената агенда за работа, разработени беа прашања за одобрувањето на согласности за работни места, трансформацијата на работниот однос, запишувањето на учениците во основното и средното образование, интегралната евалуација, самоевалуацијата на училиштата и други актуелни прашања и проблеми. Од страна на присутните беа поставени низа прашања, на кои претставниците од МОН изворно одговорија.
Средбата заврши на општо задоволство за почести вакви средби.






 
2010-6-11 PDF Печати

24.06.2010 | Асфалтирана улицата „Цветан Димов“.

Заврши асфалтирањето на улицата Цветан Димов покрај градскиот стадион. Улицата е со должина од 666.70м и ширина од 6м или вкупна квадратура од 4000,17м2...

 

 
2010-6-10 PDF Печати

23.06.2010 | Седница на Советот на Општина Струмица.

Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски ја закажа дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за 30.06.2010год. (среда) во 12.00 часот.
Дневниот ред за дваесет и четвртата седница може да го превземете

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа ("Сл. весник на РМ" бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица" бр. 2/06), донесувам

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ЈА СВИКУВАМ дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.06.2010 год. (среда). Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записникот од дваесет и треттата седница на Советот на општина Струмица


II
Д н е в е н    р е д

  1. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетни локални патни правци во Општина Струмица;
  2. Предлог-Одлука за спроведување јавен повик за давање право на изградба на нови објекти за дистрибуција на природен гас;
  3. Предлог – Одлука за прифаќање на проект за изградба на Амфитеатар-летна сцена“;
  4. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
  5. Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за блок 36 и дел од блок 37 (касарна „11 Октомври“) во гр. Струмица;
  6. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за блок бр. 42 во гр. Струмица;
  7. Предлог - Одлука за утврдување на потребата од изработка на локални урбанистички плански документации на подрачјето на општина Струмица; и
  8. Извештај за работата со финансов извештај на ЈП „Паркиралишта Струмица“ за 2009 година.

Напомена:  Согласноста за ДУП за блок 36 и дел од блок 37 (касарна „11 Октомври“) во гр. Струмица ќе биде дополнително доставена.

Увид во урбанистичките планови и други дополнителни информации за точките од областа на урбанизмот, можат да се добијат во Секторот за урбанизам и комунални работи при Општина Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски

 

 
2010-6-9 PDF Печати

 


23.06.2010 | Осветлен дворот на црквата св.Ѓорѓија во Муртино.

Со помош на општински средства осветлен е дворот на црквата св.Ѓорѓија во населеното место Муртино.Поставени се седум канделабри околу самиот објект...

 



 
2010-6-8 PDF Печати

15.06.2010 | Општина Струмица учесник во истражувањето на актуелните практики во општините од источна Македонија. На 11 и 12 јуни 2010 година во хотелот „Илинден“-Струмица, се одржа работилница на тема „Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење“, на која присуствуваа голем број на раководители на сектори и одделенија од општина Струмица. Работилницата е дел од истражува...

На 11 и 12 јуни 2010 година во хотелот „Илинден“-Струмица, се одржа работилница на тема „Практики за потранспарентно, поефикасно и поотчетно владеење“, на која присуствуваа голем број на раководители на сектори и одделенија од општина Струмица. Работилницата е дел од истражувањето на актуелните практики во општините од источна Македонија, во рамките на проектот на УСАИД за транспарентно владеење и во организација на НВО Инфоцентар, ЕХО и Центарот за граѓански комуникации.            

На работилницата беа разработени темите: „Вградување антикорупциски механизми во работата на општината“, “Можности за вклучување на граѓаните во креиреањето и спроведувањето на локалните политики“, „Процес и алатки за комуникација со јавноста“ и „Начини на спроведувањето на препораките и промените“.








 
2010-6-7 PDF Печати

 


10.06.2010 | Поставени станици за вежбање на трим патеката до Свети Илија. Денеска вработените во Одделението за локален економски развој при општина Струмица заедно со младите фудбалери од ФК “Тиверија“ од Струмица извршија презентација на 17 поставени “станици“ за вежбање на трим патеката од “Ловен дом“ до “Свети Илија“ во должина од 2100 метри. Општина Струмица, со овие поставени табли, односно означени...

Денеска вработените во Одделението за локален економски развој при општина Струмица заедно со младите фудбалери од ФК “Тиверија“ од Струмица извршија презентација на 17 поставени “станици“ за вежбање на трим патеката од “Ловен дом“ до “Свети Илија“ во должина од 2100 метри.

Општина Струмица, со овие поставени табли, односно означени места за вежбање на трим патеката, овозможува граѓаните кои секојдневно минуваат по оваа реалација да се рекреираат во природни услови и спортски дух.
Станиците за вежбање се приспособени за сите возрасти, а со правилно и редовно користење се подобрува здравјето, физичката кондиција, издржливоста и психовизичката способност. Поставување на овие станици за вежбање се единствени во Македонија и се вбројуваат во Европските мапи на трим патеки.

Општина Струмица апелираа до граѓаните истите да ги чуваат бидејќи тие се наменети за сегашните и идните генерации.










 
2010-6-6 PDF Печати

10.06.2010 | „УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“. На 09 јуни 2010 година се одржа планираната активност од планот за реализација на активности од првиот дел на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“. Учесниците од двете проектни училишта „Маршал Тито“-Муртино и „Маршал Тито“-Струмица, ги посетија локалитетите: Термата во Банско, Орта Џамија во Струмица и манастирите во селата Вељуса и Водоча...

УЧЕСНИЦИТЕ ОД ПРОЕКТОТ
„УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ ДИЈАЛОГ ВО ОПШТИНИТЕ“
ВО ПОСЕТА НА ИСТОРИСКИ ЛОКАЛИТЕТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

На 09 јуни 2010 година се одржа планираната активност од планот за реализација на активности од првиот дел на проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“.
Учесниците од двете проектни училишта „Маршал Тито“-Муртино и „Маршал Тито“-Струмица, ги посетија локалитетите: Термата во Банско, Орта Џамија во Струмица и манастирите во селата Вељуса и Водоча.
Посетата на историските локалитети на територијата на општината предизвика интерес кај сите ученици, особено кај оние кои досега немале можност да ги посетат овие објекти.

Проектот „Унапредување на меѓуетничкиот дијалог во општините“ се реализира во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, спроведувана од Центарот за институционален развој (ЦИР-а) и финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка застапувана од Канцеларијата за соработка во Скопје,  а во партнерска соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје (МЦГО) и  Oпштина Струмица.





 
2010-6-5 PDF Печати

08.06.2010 | Асфалтирање на две улици во село Добрејци.


Асфалтирани две улици во с.Добрејци со должина од 400 и 600 метри и 3 метри ширина или вкупно 3000 метри квадратни...

Асфалтирани две улици во с.Добрејци со должина од 400 и 600 метри и 3 метри ширина или вкупно 3000 метри квадратни.


 
Повеќе Артикли...
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2