Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2010

2010-8-2


23.08.2010 | Формирани советодавни групи на граѓани и во населените места Водоча, Рич и Попчево. На 20 август 2010 година, во населеното место Водоча, во присуство на претставници од Одделението за превенција при СВР Струмица и претставници од локалната самоуправа на Општина Струмица, се формира СГГ (советодавна група на граѓани), на која беа разгледани прашања од општата безбедност и проблемите на кои...

На 20 август 2010 година, во населеното место Водоча, во присуство на претставници од Одделението за превенција при СВР Струмица и претставници од локалната самоуправа на Општина Струмица, се формира СГГ (советодавна група на граѓани), на која беа разгледани прашања од општата безбедност и проблемите на кои наидуваат граѓаните од ова населено место.
На присутните им беше поделен информативен материјал за граѓанските советодавни групи, со објаснување дека тие групи ги охрабруваат членовите на заедницата и полицијата да соработуваат, со цел да изнајдат решенија за локалните проблеми. По отворената дискусија, граѓаните од ова населено место укажаа на неколку основни проблеми за инфраструктурата, безбедноста на регионалниот пат кој поминува низ населеното место, состојбата со полските штети и кражби и други локални проблеми.
Исто така, на 22 август 2010 година, во населените места Рич и Попчево беа формирани СГГ, со дискусија и посебен акцент за состојбата со шумските пожари. Беа насочени и други проблеми на локалното население во овие населени места, особено од инфраструктурен карактер. На оваа средба, освен претставниците од Одделението за превенција при СВР Струмица и локалната самоуправа, присуствуваа и претставници од противпожарната единица од Општина Струмица и Центарот за управување со кризи.

 

2010-8-1


13.08.2010 | Извештај за стратегиска оценка на животната средина за технолошка индустриска развојна зона - Струмица. Врз основа на Инвестиционата програма со акционен план за планирање, изградба и развој на Технолошко индустриски развојни зони во РМ усвоена од страна на Владата на РМ, Дирекцијата за ТИРЗ превзеде активности за реализација на истата. Согласно посочената програма изготвена е Државна планска урбанистичка документација за ТИРЗ Струмица (Опфат 1 и Опфат 2), врз основа на кој е изготвен Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ТИРЗ "Струмица"...

13.08.2010 година

Врз основа на Инвестиционата програма со акционен план за планирање, изградба и развој на Технолошко индустриски развојни зони во РМ усвоена од страна на Владата на РМ, Дирекцијата за ТИРЗ превзеде активности за реализација на истата.

Согласно посочената програма изготвена е Државна планска урбанистичка документација за ТИРЗ Струмица (Опфат 1 и Опфат 2), врз основа на кој е изготвен Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ТИРЗ "Струмица"

Местото, датумот и времето за јавна расправа ќе се дефинира дополнително.

Мислењата од увидот на СЕА да се доставуваат по пошта до следниве две адреси:

Дирекцијата на ТИРЗ, ул.Партизански Одреди бр.2 - Скопје, и
Општина Струмица(сектор за урбанизам), ул.Сандо Масев бр.1 - Струмица

За превземање во PDF формат кликнете овдеСтратегиска оцена
на животната средина
за ТИРЗ "Струмица"

ФОРМИРАНИ СОВЕТОДАВНИ ГРУПИ НА ГРАЃАНИ И ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ВОДОЧА, РИЧ И ПОПЧЕВО

На 20 август 2010 година, во населеното место Водоча, во присуство на претставници од Одделението за превенција при СВР Струмица и претставници од локалната самоуправа на Општина Струмица, се формира СГГ (советодавна група на граѓани), на која беа разгледани прашања од општата безбедност и проблемите на кои наидуваат граѓаните од ова населено место.

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544