Вести - Јули 2012
Струмица се попривлечна за туристите PDF Печати

Струмица во последно време станува привлечна туристичка дестинација, како за домашните така и за странските туристи. Дека е така потврдија и денешните посети на туристи од Австралија и Финска. Тие прошетаа по новиот плоштад, го разгледаа централното градско подрачје, а го посетија и манастирот „Св. Леонтие“ во Водоча. Природните убавини, големиот број културтно –историски знаменитости и модерниот урбан лик и  европскиот шмек што во последните неколку години го доби Струмица, се главните причини поради кои, градот под Царевите кули се почесто го има на туристичките мапи.

 
Учесниците на Европското првенство во кошарка го посетија манастирот во Водоча PDF Печати

Општина Струмица, како домаќин на Европското првенство во кошарка за жени до 18 години (дивизија Б),  денеска организираше коктел дружење во манастирот „Св. Леонтие“ во Водоча. Претставниците на осумнаесетте репрезентации, најнапред се запознаа со вредностите и значењето што го има овој манастир, а потоа имаа можност да вкусат јадења и пијалоци типични за македонското поднебје. На дружењето присуствуваше и градоначалникот  Зоран Заев, тој на претставниците на репрезентациите им посака пријатен престој во Струмица.
Европското првенство во кошарка за жени до 18 години почна на 26 јули, а ќе заврши на 5 август.

 
Пожарот во Струмица целосно под контрола PDF Печати

Од денеска пожарот во Струмица целосно е ставен под контрола. Критичните места во месноста „Чам чифлик“ и кај последните куќи и викендици се ликвидирани, единствено, се уште жари покрај регионалниот пат Струмица - Валандово. Според градоначалникот Зоран Заев, се прават напори до крајот на денот и тој да се локализира и деветдневната борба со огнената стихија во Струмица конечно да заврши. Теренот и понатаму ќе се контролира за да не се случи реактивирање на пожарите.
Повеќе за состојбата со пожарот, од изјавата на градоначалникот Зоран Заев.

 
Цветните корита во центарот на градот освежени со нова боја PDF Печати

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве ги освежува цветните корита во централното градско подрачје. Со 100 литри фасадна жолта боја се бојадисани цветните корита што се наоѓаат на просторот пред лебарата на „Жито Струмица“ спроти трговскиот центар „Глобал“. Стојан Мицевски инженер по хортикулура во ЈПКД „Комуналец“ вели дека  бојадисувањето се врши поради корозирањето на бетонот, но и дека жолтата,  е подобра замена за сивата бетонска боја. Ваквата акција ќе продолжи и на други локации во градот.

 
Пожарите над Струмица се локализираат PDF Печати

Огнената стихија над Струмица не стивнува. Осми ден по ред се уште гори шумата на месноста „Двата пата“, а пламените јазици се спуштија и во непосредна близина на регионалниот пат Струмица-Валандово.Во гаснењето на пожарите активно се вклучени противпожарната единица од Струмица, а на помош дојдоа и пожарникари од Радовиш и Валандово.

 
Се зголемува фреквенцијата во сообраќајот, инспекторот за патен сообраќај во акција PDF Печати

Во овој период од годината, се зголемува бројот на времено вработените во странство  кои се враќаат и го користат  летниот одмор во родниот крај, а со тоа се зголемува и фреквенцијата во патниот сообраќај. Поради ова зачестија и контролите на овластениот инспектор за патен сообраќај и вработените во ЈП „Паркиралишта Струмица“

 
Изградбата на ободниот канал ќе заврши до ноември оваа година PDF Печати

Градоначалникот Зоран Заев ги посети жителите на улицата „Бошко Буха“ во турското маало во Струмица,  каде интензивно се гради ободниот канал, капитален проект чија изградба се довршува со средства од општинскиот буџет, иако тоа е обврска на државата.

 
Се реконструира тротоарот на улицата „Браќа Миладинови“ PDF Печати

Денеска почна реконструкцијата на тротоарот од двете страни на улицата на  „Браќа Миладинови“ во Струмица. Како што информираа од одделението за комунални работи,  ќе се вади стариот и ќе се става нов слој на бетон,  на местата каде што оштетувањата се најголеми и тоа од улицата „Панче Пешев“ до улицата „Братство и Единство“. За да може реконструкцијата да се одвива според планираната динамика, од одделението апелираат до граѓаните,  да ги тргнат  своите возила кои ги имаат паркирано на тротоарот од двете страни, а посебно пред салоните за мебел „Шипад“ и „Симпо“, затоа што токму тука има и најголеми оштетувања на бетонот.

 
Децата во Габрово и Банско добија игралишта PDF Печати

Денеска и немаше крај на детската радост во селата Габрово и Банско. Таму целосно заврши изградбата и опремувањето на новите детски игралишта. Децата со нетрпение го чекаа поставувањето на опремата и веднаш се впуштија во игра и забава. Овие игралишта се дел од програмата на општина Струмица за изградба на нови детски игралишта, а работите ги изведуваше ЈПКД „Комуналец“. По Габрово и Банско, детски игралишта ќе се прават и во населените места Костурино и Куклиш. Согласно општинската програма, се реконструирани и осум детски игралишта во градот.

 
«ПочетокПред123456СледноКрај»

Страница 1 од 6