Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Април 2013

Комуналец засади 160 липи на повеќе локации во Струмица

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ завршува  со пролетното дополнување на дрворедите на неколку локации во градот. Во големиот градски парк и на улиците „Маршал Тито“, „Кирил и Методиј“, „Младинска“ и „Ванчо Китанов“ засадени се нови 160 липи. Истовремено, вработените во јавното претпријатие вршат кроење на жбунестите видови дрвја, а се врши и  обновување на зелените површини и системите за наводнување по булеварите во градот.

Советот на општина Струмица ја одржа втората седница

Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа втората седница. На седницата  беа усвоени  решенијата за избор на претседател и членови на комисиите за изработка на програма за работа на Советот на општина Струмица, на комисијата за статут и прописи, на комисијата за општествени дејности, на комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита, на комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на деца, на комисијата за култура, образование и спорт, на комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природа, на комисијата за финансии, буџет и локален развој, на комисијата за полова рамноправност, на партиципативното тело од областа на урбанизмот и на одборот за подигање на спомен – обележја.

Градоначалникот Заев присуствуваше на манифестацијата „Од децата за децата“

На ден 27.04.2013 година на празникот Лазарова сабота, а во пресрет на Велигденските празници, по осми пат во Струмица се одржа хуманитарната акција „Од децата за децата“. Акцијата ја организираше Организацијата на жени од Струмица под покровителство на градоначалникот Зоран Заев.

Одржана вонредната седница на Советот на општина Струмица

Неполни триесет минути им беа потребни на советниците на општина Струмица едногласно да го усвојат извештајот од процена на штета од природна непогода - поплава на подрачјето на општина Струмица од 25,26 и 27 февруари 2013 година.

Решение за свикување вонредна седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 40  Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) член 22 и 23 од Статутот на општина Струмица – пречистен текст  (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 6/06)и член 61  од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Во март решени 108 проблеми преку „Систем 48“

Во текот на месец март до општинскиот сервис за брзи услуги кон граѓаните „Систем 48“, граѓаните на општина Струмица доставиле вкупно 124 пријави. Од нив решени се 108 пријави, а останатите 16 пријави се во процес на решавање  бидејќи се  работи за проблеми кои не се решаваат во период од 48 часа.

Страница 1 од 4

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544