Вести - Август 2013
Холандска инвестиција во Струмица за производство на цвеќе PDF Печати

Холандска компанија, една од прво рангираните во светот, ќе инвестира во  производство на цвеќе во Струмица, оваа странска инвестиција денеска ја обелодени градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

 
Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Детален урбанистички план за блок 18 урбана единица 2 - Општина Струмица PDF Печати

Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.

 
Решение за свикување на шестата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
Почна монтажата на фотоволтаични панели во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица PDF Печати

Во рамките на проектот „Ефикасно користење на соларната енергија за подобра иднина“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, денеска во општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица почна монтажата на фотоволтаични панели за индивидуален систем за производсто на електрична енергија од сончева енергија.

 
Координативен состанок за меѓуетничка интеграција во образованието PDF Печати

Денеска во просториите на Дом на АРМ во Струмица се одржа координативен состанок за поддршка и подготовка на годишните програми за работа на училиштата за планирање на активности од четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието за учебната 2013/14 година.

 
Општина Струмица во јули решила 107 проблеми на граѓаните PDF Печати

Општинските власти во Струмица, во месец јули решиле 107 проблеми на граѓаните преку сервисот „Систем 48“ од вкупно доставени 120 пријави. Останатите 13 пријави се во процес на решавање  бидејќи се  работи за пријави кои не се решаваат во период од 48 часа, по конкретно се работи за крпење на ударни дупки за кои е потребна тендерска постапка или поставување на нови сливници за кои исто така е потребна фирма изведувач и кроење на дрвја кои во овој временски период екипите задолжени за таа работа, не се во можност да интервенираат.

 
Со автометачка до поголема чистота во градот PDF Печати

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од денеска во погон го пушти возилото наречено автометачка со која ќе се чистат улиците во поширокото градско подрачје.

 
Ученици од општина Струмица на летен камп во Швајцарија PDF Печати

Во  Детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, се одржа летен камп на кој присуствуваа и ученици од општина Струмица.
Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, Струмица спаѓа меѓу првите пилот општини кои ги имплементираа содржините од овој проект, меѓу кои е и интеркултурната размена и летниот камп во  Швајцарија, каде ученици од повеќе земји се едуцираат за детските права, недискриминација, полова рамноправност и решавање на конфликти.

 
Заврши десетдневниот Струмица опен фест PDF Печати

Со продажба на сликите создадени на ликовната колонија која работеше во рамките на фестивалот, заврши второто издание на Струмица опен фестивал. Лицитацијата на делата создадени од младите ликовни уметници се одржа синоќа во малиот градски парк. Вкупно 14 ликовни творби беа продадени за 33 илјади денари кои ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

 
«ПочетокПред12СледноКрај»

Страница 1 од 2