Вести - Септември 2013
Проектот за меѓуетничка интеграција ги зближи учениците и наставниците од Вељуса и Вешала PDF Печати

Под мотото „Јас имам име-ДЕТЕ“, денеска, наставниците, учениците и родителите од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од село Вељуса, беа домаќини на учениците и наставниците од општинското основно училиште „Беса“ од село Вешала, општина Тетово.

 
Претставници на општина Струмица на работилница на Светска банка на NEXPO 2013 PDF Печати

На меѓународниот саем на локални самоуправи од Југоисточна Европа  - NEXPO 2013 кој од 25 до 27 септември се одржа во Риека, Република Хрватска, учествуваа и претставници од општина Струмица, Евгенија Граматикова и Софија Ристова како дел од делегацијата на Институтот при Светска банка. Овој Институт одржа две работилници, а претставниците на општина Струмица учествуваа на работилницата на тема Алатки за самопроцена – Урбана ревизија. Пред присутните, во една од конференциските сали на Замет центарот во Риека, искуствата од урбаната ревизија на  општина Струмица, ги презентираше Софија Ристова.

 
Општина Струмица се вклучува во големата акција за чистење на Македонија PDF Печати

Општина Струмица и годинава ќе се вклучи  во реализацијата на проектот „Македонија без отпад 2013“, национална акција за чистење,  а со тоа и во големата еколошка акција за чистење на Македонија од расфрланиот смет. Акцијата ќе почне в сабота (05.10.2013 година) со почеток во 10 часот, а ќе се чисти околу месноста св.Илија.
Во проектот ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта, во кои освен практичниот дел ќе се одржи и едукативен час.
Се апелира до сите граѓани на општина Струмица масовно да се вклучат во оваа еколошка акција.


 
Струмица дел од регионалната мрежа за развој на поволно деловно опкружување PDF Печати

Општина Струмица е дел од регионалната мрежа за поволно деловно опкружување, прво тело со регионален предзнак задолжено за унапредување на условите за стопанисување во одделните економии и привлекување нови инвестиции формирана во Риека, Република Хрватска. Договорот за формирање на ова тело го потпишаа институции од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

 
Со физичка активност до поголемо здравје – уште еден проект поддржан од општината PDF Печати

Со трибината на тема „Физичката активност и здравјето“ што синоќа се одржа во домот на АРМ во Струмица почна реализацијата на проектот на здружението „Центар за превентивна медицина и природно лечење“ кој се реализира со финансиска поддршка од општина Струмица. Оваа тема привлече поголем број посетители кои дојдоа да го слушнат предавањето, но и да видат дел од практичните искуства на предавачите.

 
Младите за Глобална едукација преку проектот на Контекст – Струмица PDF Печати

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ со помош на програмата за поддршка на невладиниот сектор и повикот на одделението за Локален економски развој при општина Струмица започна со реализација на активностите од проектот, кампања за Глобална Едукација.

 
Советот ги усвои извештаите и програмите на училиштата во Струмица PDF Печати

На денешната седма седница на Советот на општина Струмица, членовите ги разгледаа и усвоија извештаите и предлог годишните програми за работа во учебната 2013/2014 година на општинските основни и средни училишта, на основното музичко училиште и на јавната општинска установа „Детска радост“.

 
Во Струмица се одбележа Европскиот ден на јазиците PDF Печати

Под мотото „Говорете европски“ денеска во Струмица се одбележа Европскиот ден на јазиците. Во организација на Академијата за образование, спорт и култура „АБЦ“ и Младинскиот совет, а со поддршка на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев во големиот градски парк се одржа креативен хепенинг на кој учениците од основните училишта ги презентираа своите креации на тема „Значењето на лингвализмот и меѓусебното разбирање на народите во Европа“.

 
Лицата со интелектуална попреченост се дружеа со фудбалерите од академија Пандев PDF Печати

Децата со интелектуална попреченост и нивните родители од невладината организација „Порака“ ја посетија академијата „Пандев“. Се дружеа и играа со малите фудбалери на кои им подарија керамички сувенири што лично тие ги изработија, а за возврат добија топки за да можат да играат фудбал.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5