Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2014

Градоначалникот Заев и граѓаните на Струмица заедно одлучуваа за што ќе се трошат буџетските пари

На третата форумска сесија во рамките на програмата „Форуми во заедницата“, која синоќа се одржа во домот на АРМ во Струмица, уште еднаш се потврди транспарентноста и партиципативноста на граѓаните во креирањето на општинските политики и општинскиот буџет. Цели три часа, граѓаните и градоначалникот, Зоран Заев, заедно ги разгледуваа понудените предлози, одлучуваа за нивната издржаност и можност да се реализираат и да станат составен дел од буџетот на општина Струмица за 2015 година.

Се вршат последните зафати за оградување на помошното игралиште на стадионот „Младост“

На помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица, течат градежните активности кои треба да го претворат во модерен фудбалски терен. По изведувањето на дренажниот систем и насипувањето со шљунковиден материјал, моментално се копаат темелните стопи и истите ќе се бетонираат.

Градоначалникот Заев за инвестиционите зафати во градот и населените места

Согласно програмите и буџетот на општина Струмица за 2014 година, во градот и населените места во тек се повеќе инвестициони активности. Според градоначалникот, Зоран Заев, се работи за зафати на улици и тротоари во градот и населените места, за завршните фази на ободниот канал, за тековните активности во Егејското маало и уште неколку други инвестициони зафати.Во неколку населени места се градат улици, тоа се Вељуса, Дабиле, Муртино.

Градоначалникот Заев:Југоисточниот регион има потенцијали за големи перспективи

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на финалната конференција на Центарот за развој на југоисточниот плански регион која што се одржа во хотелот „Сириус“, а на која беше презентирана програмата за периодот 2015 – 2019 година.Тој, во своето обраќање, потенцираше дека овој регион е најдобриот, најубавиот и најперспективниот регион во Република Македонија и со севкупниот потенцијал со кој располага има големи перспективи.

Градоначалникот Заев: Инвестираме во нов модерен дел на Струмица кој ќе им служи и на идните генерации

Градежна офанзива се случува во дел од поранешната касарна на АРМ во Струмица. Се градат нови колективни објекти за домување и објекти од друг тип кои ќе бидат во функција на идните генерации струмичани. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска беше на лице место за да види до каде е  реализацијата на општинските инвестициони зафати.Во моментов се гради фекална и атмосферска канализација, но пред да информирам за карактеристиките на овој проект, сакам, граѓаните да знаат дека токму од овој урбан блок 36 и 37, а тоа е блокот на поранешната касарна, досега во општина Струмица се влеани преку 3,5 милиони евра.

Се санираа делови од патот кон населеното место Дорломбос

Општина Струмица го санираше патот до населеното место Дорломбос, односно делницата од населеното место Костурино во должина од осум километри. На неколку места овој дел од патот беше оштетен од невремето, поради што жителите имаа сериозни проблеми. Во завршна фаза е и изградбата на потпорниот ѕид на околу 100 метри пред селото со што целосно проблемите ќе бидат надминати и ќе се овозможи пристап на возилата до ова населено место.

Страница 1 од 8

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544