Вести - Февруари 2015
Советот на општина Струмица ја одржа 24-та седница PDF Печати

Советот на општина Струмица, денеска ја одржа 24-та седница. На седницата, советниците ги усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2014 година, предлог-програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година,

                                                         

 
Општина Струмица ја одбележа 11-годишнината од смртта на Борис Трајковски PDF Печати

Општина Струмица со пригодна програма денеска ја одбележа 11-годишнината од смртта на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, свежо цвеќе положија членови на семејството, претставници на општина Струмица, јавни институции, политички партии, здруженија и граѓани, а за животот и делото на Борис Трајковски, зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

 
Денеска заврши струмичкиот карневал 2015 PDF Печати

Со одбележувањето на тримерските обичаи во центарот за култура „Антон Панов“, денеска завршија карневалските празнувања во Струмица. Во рамките на програмата на овој настан му претходеше синоќешното традиционално корзо со посета на домовите на армасаните девојки, промоцијата на книгата со еротски афоризми „Пасворд еротика, а беа доделени и наградите на најдобрите маски на интернационалната карневалска вечер.Во одбележувањето на празникот Тримери, денеска, се вклучија и децата од градинката „Детска радост“.

 
„Комуналец“ чисти дел од одводните канали во Добрејци PDF Печати

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од вчера почна со чистење на дел од одводните канали во населеното место Добрејци. Освен чистењето на одредени места се поставуваат и цевки за подобар проток на атмосферските води. Овој зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица.


 
Во училиштето во Просениково одбележан патрониот празник PDF Печати

Учениците и вработените во општинското основно училиште „Герас Цунев“ од Просениково, денеска го одбележаа патрониот празник. Свечената програма започна со полагање свежо цвеќе пред бистата на херојот Герас Цунев и потсетување на неговиот живот и дело, а продолжи со отпочнување на градежните активности за изградба на нови тоалети во состав на училиштето.

 
На чист понеделник се јадеше бел грав на плоштадот PDF Печати

Организациониот одбор на струмичкиот карневал и денеска на чист понеделник, го организираше традиционалното јадење на бел посен грав на плоштадот „Гоце Делчев“. Покрај претседателот на одборот, Александар Цицимов и негови членови, присуствуваа Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, членови на истиот и поголем број граѓани, почитувачи на оваа традиција.

 

 
Организациониот одбор ги објави најуспешните маски на карневалот PDF Печати

Организациониот одбор на струмичкиот карневал на денешната прес конференција го објави најуспешните маски од главната интернационална карневалска вечер. Според Иван Јовев член на одборот, од вкупно 52 маскирани групи и поединечни маски, 23 беа гости од странство кои не учествуваа во оценувањето и наградувањето, истите ги претставуваа градовите со кои имаме долгогодишна соработка. Маскираните групи кои конкурираа за наградите беа поделени во 7 од вкупно 8 категории.Со задоволство може да констатираме дека и покрај многубројните проблеми со кои се соочивме во организација на карневалот имавме уште едно извонредно издание на струмичкиот карневал, а затоа посебен придонес дадоа извонредните креации на струмичките карневалски групи, рече Јовев.


                                                     

 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица (Службен гласник на општина Струмица бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

 
Решение за свикување дваесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица PDF Печати

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5