Вести - Јануари 2016
Градоначалникот Заев со поддршка на локалните политики за вработување PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска присуствуваше на конференцијата „Локалните Економско Социјални Совети (ЛЕСС) – двигатели на локалните политики за вработување“ која што се одржа во Скопје.

 
Ставен е нов покрив на опожарениот дом на културата во Вељуса PDF Печати

Заврши поставувањето на новиот покрив на опожарениот дом на културата во населеното место Вељуса. За овој зафат од буџетот на општина Струмица беа издвоени 336.000 денари.

 
Се уредува канцеларијата на месната заедница во Просениково PDF Печати

Општина Струмица и во оваа 2016 година ќе реализира повеќе активности во населените места, а со единствена цел да го подигне на повисоко ниво животот на граѓаните во нив. Во населеното место Просениково, почна уредувањето на просторот во кои е сместена месната заедница.

 
Димитар Бајрактаров од СОУ „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп PDF Печати

Димитар Бајрактаров ученик во трета година во средното општинско училиште „Јане Сандански“ ја освои третата награда на Европскиот Математички Куп (EMC) кој што се одржа во декември минатата година, а резултатите беа соопштени вчера.

 
Пожарникарите денеска даруваа крв и како многу пати досега ја потврдија својата хуманост PDF Печати

Освен со својата работа во која најчесто спасуваат човечки животи и материјални добра, вработените во Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица имаат и друга хумана страна, а тоа е крводарителството.

 
СОУ „Димитар Влахов“ ќе реализира проект со средства од европските фондови PDF Печати

По позитивните искуства на општина Струмица во искористувањето на средствата од европските фондови и реализирањето на проектите од Програмата за прекугранична соработка, средното општинско училиште „Димитар Влахов“ аплицираше со проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ за средства од ИПА програмата за прекугранична соработка.

 
За една недела противпожарната единица имала 16 интервенции PDF Печати

Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица во последната недела имала вкупно 16 интервенции. Најголем дел од нив, или, 10 се гаснење на запален оџак кај индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради. Останатите интервенции се гаснење на запален отпаден материјал, гаснење на опожарен прозорец на поранешното кино „Балкан“ и превентивна интервенција на потенцијално опожарување на парен котел и огревно дрво. 

 
Градоначалникот Заев со силна поддршка за младите автори и нивните дела PDF Печати

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на промоцијата на стихозбирката „Кутија со солзи“ на Тања Кармзова – Костиглиола која што се одржа во хотелот „Есперанто“ во Струмица.

 
На денешната седница на Советот се донесоа повеќе предлог - одлуки и решенија PDF Печати

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 35-седница. На истата, советниците ги усвоија предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2016/2017 година, предлог – одлуката за долгорочно задолжување на Општината, предлог – одлуката за отстапување на моторно возило (трактор) на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, извештајот за работата на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица за 2015 година.

 
«ПочетокПред1234СледноКрај»

Страница 1 од 4