Вести - Ноември 2016
Општина Струмица успешно ја спроведе својата посебна акција на садење дрвја PDF Печати

Општина Струмица денес ја спроведе својата традиционална посебна акција на садење дрвја, која овој пат се реализираше на нова локација, покрај реката Тркања, која на јавноста и е позната како место на одржување на традиционалниот „Џип рели крос„ .

 
Општина Струмица со посебна акција на садење дрвја PDF Печати

Утре со почеток  во 10 часот, Општина Струмица ќе ја спроведе својата посебна  акција на садење дрвја, која  традиционално  се реализира  секоја  година. Според најавите од задолжените  лица за спроведување на акцијата, истата ќе се реализира на нова локација, покрај Тркања, која на јавноста и е позната како место на одржување на традиционалниот „Џип рели крос„ . Во акцијата, покрај општинската администрација,  ќе учествуваат и вработени во општинските јавни претпријатија, претставници од ТППЕ – Струмица, како и вработени од неколку  општествено одговорни приватни фирми од нашата општина, а се очекува да бидат засадени преку сто разновидни зимзелени дрвја со висина од преку 1 метар и 20 сантиметри.

 
Бетониран дел од улицата „Партизанска“ PDF Печати

Општина Струмица продолжува со реализација на планираните активности за оваа година. Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште извршено е бетонирање на дел од улицата „Партизанска“ со што ги подобри условите за живот на граѓаните кои што живеат во овој дел од градот.

 
Во завршна фаза е изградбата на фекалниот канализационен систем во Добрејци PDF Печати

Изградбата на фекалниот канализационен систем во населеното место Добрејци е во завршна фаза. Според Тони Милушев, раководител на одделението за локален економски развој на општина Струмица, досега е поставена канализациона мрежа во должина од 10.761 метар со 240 ревизиони шахти, остануваат уште неколку зафати кои што треба да завршат до крајот на месецот. Финансиските средства во висина од 36 милиони денари беа обезбедени од Европската инвестициона банка, а врз основа на претходно подготвена апликација од администрацијата на општина Струмица, прифатена и одобрена од нивна страна.

 
Се асфалтираше спојот меѓу улиците „Боро Поцков“ и „Климент Охридски“ PDF Печати

Согласно Програмата за улици и патишта за 2016 година, општина Струмица продолжува со реализација на градежни зафати во градот. Денеска е поставен асфалт на спојот меѓу улиците „Боро Поцков“ и „Климент Охридски“.

 
Промовирана првата локална Стратегија за унапредување на родовата еднаквост PDF Печати

Денеска на тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ беше промовирана првата локална Стратегија за унапредување на родовата еднаквост во општина Струмица за периодот 2017 -2020 година. Стратегијата ги потврдува заложбите на општина Струмица за промовирање на еднаквите можности помеѓу мажите и жените и воведување на родово одговорни политики. Истата е подготвена со поддршка на UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, а во рамките на проектот „Промоција на родово еднакви политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“.


 
Се реконструира фасадата на училиштето во Дабиле PDF Печати

Во основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од селото Дабиле, започна реконструкцијата на фасадата на училиштето со нова термоизолациона фасада во вредност од околу 300.000 денари. Термоизолационата фасада, заедно со неодамна поставениот нов кров со термоизолациони панели, финансиран со средства од буџетот на општина Струмица, ќе придонесат за големи заштеди на енергија за затоплување, а со тоа и до заштеда на значителни парични средства. Со тоа училиштето  „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, ќе се вброи во редот на енергетско ефикасни училишта  во Република Македонија.


 
Започна бизнис саемот за прекугранична соработка PDF Печати

Денеска во хотелот „Сириус“ беше отворен бизнис саем за прекугранична соработка Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро STRUMICA EXPO. Во својот поздравен говор, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, истакна дека овој саем е уште еден доказ дека бизнисот најдобро ги совладува далечините, границите и бариерите.Тргнувајќи од фактот дека стопанството и стопанствениците се моторната сила за економски прогрес и двигатели на развојот на општествата и заедниците, ваквите форми на соработка заслужуваат внимание, почит и несебична поддршка.

 
Струмица ќе биде домаќин на бизнис саем за прекугранична соработка PDF Печати

На 22 и 23 ноември во хотелот „Сириус“ ќе се одржи бизнис саем за прекугранична соработка Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро STRUMICA EXPO. Целта на саемот е да придонесе за побрз економски развој на прекуграничниот регион преку обезбедување можности за вмрежување и соработка помеѓу малите и средните претпријатија.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5