Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Февруари 2017

Избрани најдобрите маски кои учествуваа на интернационалната карневалска поворка

Организациониот одбор на струмичкиот карневал 2017, денеска одржа прес конференција на која беа соопштени најдобрите маски кои што учествуваа на интернационалното карневалско дефиле. По категории наградени се следните маски:

На Чист понеделник на градскиот плоштад се јадеше бел грав

 Во рамките на карневалските празнувања, денеска, на Чист понеделник, на плоштадот „Гоце Делчев“ продолжи традицијата на јадење бел посен грав. По благословувањето на посниот ручек од свештениците  на Струмичката епархија, честа прв да го проба ја имаше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Заедно со граѓаните бел грав јадеа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот, како и членови на Организациониот одбор на струмичкиот карневал кој беше организатор на овој традиционален настан.

Општина Струмица ја одбележа 13-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, денеска, општина Струмица ја одбележа 13-годишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Од името на Општината свежо цвеќе пред споменикот положи вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов, а за животот и делото на Трајковски зборуваше претседателот на Советот, Јосиф Христов.

И најмладите струмичани ги презентираа своите маски

Со детскиот карневал, кој се одржува традиционално на Прочка, денеска продолжија карневалските празнувања во Струмица. И најмладите струмичани, со помош на повозрасните ги презентираа своите маски меѓу кои доминираа ликовите од од омилените детски јунаци, но и други креации создадени со многу љубов и труд.Карневалските празнувања продолжуваат утре со објавување на резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер, со традиционалното варење на бел грав на плоштадот, а утревечер ќе биде отворена изложбата на карикатури  и ќе бидат доделени наградите од наградниот конкурс за афоризми и карикатури на тема „Карневал“.

Струмица уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите карневалски градови во светот

Уште едно издание за паметење и потврда дека струмичкиот карневал е меѓу најдобрите во светот, се случи синоќа на главната интернационална карневалска вечер. Прекрасните карневалски креации на домашните и странските карневалски групи ги воодушевија и жири комисијата и публиката, потврдувајќи дека Струмица е вистинското место за доживување на карневалската магија.

Костадинов:Струмичани се горди што ја чуваат и негуваат карневалската традиција на своите предци

„Струмичкиот карневал е препознатлива манифестација во светска рамки, а општина Струмица како членка на FECC се наоѓа на мапата на карневалските збиднувања во Европа и светот“, рече вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, на приемот кој што се одржа пред почетокот на интернационалната поворка. На овој традиционален прием присуствуваа, претставници на дипломатскиот кор во државата, претставници на карневалските групи од странство, поддржувачи и пријатели на карневалот.

Страница 1 од 6

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544