Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџет за 2015 година

Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2017

Започна изградбата на фитнес зоната во големиот градски парк

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со изградбата на фитнес зоната во големиот градски парк, веднаш до обновеното детско игралиште. Зоната опфаќа површина од 10 на 14 метри која што ќе биде покриена со вештачка трева, а ќе бидат поставени осум фитнес справи. 

Во акцијата „За чиста струмичка пролет“ во недела ќе бидат опфатени 44 улици во градот

Tрадиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, а која започна минатата недела, продолжува и во недела (02.04.2017година). Во акцијата ќе бидат опфатени вкупно 44 улици во градот:

Паркиралишта“ започна со пролетното одржување на хоризонталната сигнализација

Јавното претпријатие „Паркиралишта“ започна со пролетното одржување на хоризонталната сигнализација во централното градско подрачје. Со обележувањето најпрво се опфатени пешачките премини, разделните и осовинските линии и паркинг местата. По завршувањето во центарот на градот, обележувањето ќе продолжи пред основните и средните училишта, градинките и во периферните делови на градот. Според Верица Узунова, директор на Јавното претпријатие „Паркиралишта“, со овој прв, односно, пролетен и со есенскиот дел, во оваа 2017 година ќе бидат обележани вкупно 7 илјади метри квадратни хоризонтална сигнализација.

 

Во Баница се изведува приклучна водоводна линија

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ освен во градот, деновиве работи и во населеното место Баница. Таму, екипите на јавното претпријатие изведуваат приклучна водоводна линија со која, според Стојан Ефтимов раководител на единицата „Водовод и канализација“, трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето.Инвестицијата за оваа водоводна линија од страна на општина Струмица и вредноста на договорот изнесува 809 илјади денари.

Одлука за распределба на финансиски средства од Програма V2 од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година

Финансиските средства од Програма од Буџетот на Општина Струмица за 2017,  по објавениот Јавен повик за прибирање Програми од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани – Акцискиот план 2015 – 2020, Програмата V2 –  Социјaлна заштита  / Трансфер до НВО бр.  23-65/1 од 02.03.2017 и  Записникот од Комисијата за спроведување на јавен повик бр. 23-65/8 од 20.03.2017 се распределуваат на следниве здруженија/фондации: линк

Костадинов: Со поддршката на НВО секторот општина Струмица го интензивира прогресот на заедницата

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, уште еднаш ја потврди транспарентноста и отчетноста на општината, информирајќи ја јавноста за финансиската поддршка на здруженијата на граѓани и фондации од општинскиот буџет за 2017 година. Сакам да ја информирам целокупната струмичка јавност, дека општина Струмица согласно својата Програма за работа и Буџетот за 2017 година,  останува верна на своите заложби за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите, како што тоа го правеше и во изминатите години.

Страница 1 од 9

© 2005-2017 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544