Природни ресурси
Геотермални води PDF Печати

Општина Струмица е една од ретките општини во Република Македонија, која  располага со голем потенцијал на геотермални води чиј квалитет и квантитет е недоволно истражен.

Со најзначаен геотермален капацитет во Општина Струмица располага геотермалното поле Банско. Од изобилството на топли подземни води стручно каптиран е само изворот “Парило" од кој се испумпуваат 53 литри во секунда со температура од 72°C. Темперетаурата на водата во изворот не се менува во текот на годината, што докажува дека водата потекнува од голема длабочина и е без атмосверски влијанија. Искористувањето на геотермалните води во земјоделството - оранжерии, за развивање на бањскиот туризам и  како топлотна енергија претставува значаен економски потенцијал.

 

 

 
Рудни богатства PDF Печати

Според досегашните истражувања Општина Струмица не располага со значајни количества рудно богатство.

Метали: Општина Струмица не располага со наоѓалишта на метали
Неметали: Постојат два рудника на неметали и тоа:

Рудникот за експлоатација на фелдспад- Хамзали, е од натриски карактер и е единствен во Република Македонија и на Балканот. Настанат е во услови на интензивна супституција на К2О компонента од гранит Na2O со високо темературни гасно-течни раствори за време на долна креда, (пред 111 милиони години), што го селектира наоѓалиштето во метасоматски тип.  Петрографски албитските  рудни тела се карактеризираат со бела боја, масивна текстура и варијабилна структура. Минеролошкиот состав на албитите е во состав  албит 89-94% кварц 4-8%, серицит 0,5%, како и мали вклучувања на рутил, титанит и алкритал.


Рудникот за експлоатација на CaCO3 – Mемешли е наоѓалиште кое во основа претставува мермеризиран варовник, и е еден од ретките во Република Македонија. Потеклото на мермеризираниот варовник е маринско. Настанат е како резултат на депонирање на микроорганизми чии остатоци се претежно составени од CaCO3, за време на херцинската и алпската ерогенеза, во услови на низок степен на регонален метаморфизам, каде варовничките седименти се потполно прекристализирани во мермери. Петрографски се карактеризира со бела до сиво бела боја, гранобластична структура и масивна текстура. Минеролошки претставува калциски тип со над 98% калцит и 0,5% нерастворлив остаток.

Што се однесува на наоѓалишта на злато и бакар се уште е во фаза на испитување, па од тие причини и нема потврдено наоѓалишта.Испитувања се вршат на планината Огражден каде постојат индикации за потенцијални наоѓалишта.