Денеска се одбележа 17 – годишнината од прераната и трагична смрт на вториот македонски претседател, Борис Трајковски

Денеска се одбележа 17 – годишнината од прераната и трагична смрт на вториот македонски претседател, Борис Трајковски

Општина Струмица денеска ја одбележа 17 – годишнината од прераната и трагична смрт на вториот македонски претседател, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, за животот и делото на Трајковски зборуваше градоначалникот Коста Јаневски, кој во знак на почит со претставници на Советот на општина Струмица положи и свежо цвеќе.

Цвеќе положија и владината делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, семејството Трајковски, пратеникот Костадин Костадинов, претставници на Општинскиот одбор на борците и други институции. Зборувајќи за Трајковски, градоначалникот Јаневски рече дека човечноста, искреноста и љубовта беа негови главни одлики. Тие доблести го правеа голем, онолку голем колку што беше голема неговата верба во Македонија. Таков го паметиме, таков и ќе остане во спомените на сите негови современици од земјава и целиот свет