Изградбата на мостот на реката Турија меѓу Просениково и Сарај е во завршна фаза

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу Просениково и Сарај е во завршна фаза

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, изврши увид во завршните работи на новиот мост на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со должина од околу 25 метри и вкупна ширина од 8 метри, односно 6 метри за две коловозни ленти и 2 метри односно по еден метар од двете страни – тротоар за пешаци.

Покрај изградбата на мостот, во овој проект беше опфатена и реконструкција на постоечката патна инфраструктура на овој локален пат во должина од околу 200 метри, односно по околу 100 метри од двете страни на мостот и регулирање на пристапните патишта кои приоѓаат кон овој локален пат.