Нови автоматизирани машини ќе ги чистат улиците во градот

Нови автоматизирани машини ќе ги чистат улиците во градот

ЈПКД „Комуналец“ и општина Струмица набавија две нови автоматизирани машини за чистење на улиците во градот. Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот и негови членови, денеска го посетија модернизираниот возен парк на „Комуналец“.

Ветивме дека ќе го модернизираме возниот парк на „Комуналец“ заедно со менаџментот на претпријатието и со поддршка од Советот и еве денеска сме сведоци на модернизиран возен парк. Пред неколку недели преку Министерството за локална самоуправа добивме нов камион за собирање смет, денеска со средства од „Комуналец“, а поддржано преку различни ставки од општинскиот буџет, ги добивме и овие две автоматизирани машини за чистење на улиците. Така и личи на Струмица, така му личи на еден модерен и развиен град, рече градоначалникот Костадинов.

Директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев, рече дека двете возила ќе им бидат од огромна помош за современо собирање на сметот и одржување на јавната чистота.

Се работи за најсовремени машини кои можат многу лесно и брзо да го соберат јавниот отпад. Тие се динамични и подвижни и се со одличен капацитет. Во овој момент најмногу ни требаат, бидејќи имаме недостиг од работна сила, која со овие машини ќе ја замениме, но и со современиот начин на живеење и за еден европски град каков што е Струмица, неопходна е таква опрема, рече Горгиев.