ЈПКД „Комуналец“ набави 5 нови половни возила за подигање комунален отпад

ЈПКД „Комуналец“ набави 5 нови половни возила за подигање комунален отпад

Со пет нови поволно набавени специјални возила за подигање на комунален отпад е подновен возниот парк на „Комуналец“, 3 со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7  и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици.

Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го посети подновениот возен парк на „Комуналец“ и со директорот Зоран Горгиев и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски,  разговараа за новите возила, но и за новите планови на ова Јавно претпријатие. Со возилата ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните и ќе се обезбеди  поефикасно собирање на комуналниот отпад.Набавен е и нов трактор за потребите на зимската служба која со останатите возила, механизација и материјали е комплетно подготвена за делување при врнежи од снег.