Општина Струмица ќе има Локална стратегија за млади

Општина Струмица ќе има Локална стратегија за млади

Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица Ѓорги Милушев, денеска потпишаа договор за изработка на Локална стратегија за млади на општина Струмица со Акциски план за периодот 2023-2027 година.

Целта на Стратегијата е поттикнување на младите активно да учествуваат во општинските политики низ афирмација и поддршка на младинските активности, работа, неформалното образование и развивање на претприемничките вештини.