Категорија: Вести

Home / Вести
Напис

Претставен новиот веб сајт на Општина Струмица

Редизајниран веб сајтот на Општина Струмица. Новиот веб сајт, кој на граѓаните им беше претставен во склоп на караванот Македонија Сурфа, ги содржи сите информации во врска со Општина Струмица, информации за работењето на Градоначалникот, Советот на општината, актуелните настани во градот итн. Со цел понатамошен развој и постојано надоградување на овој веб сајт, Вашите...

Напис

Соопштение за караванот „Македонија сурфа“ на USAID

Соопштение од Градоначалникот на општина Струмица во врска со промотивниот караван “Македонија сурфа” на USAID. На ден 21.10.2006 (сабота) промотивниот караван “Македонија сурфа” ке престојува во Струмица. Целта на “Македонија сурфа” е промоција на прогресот на Македонија во користењето на информатичко комуникациската технологија. За време на караванот: • Општина Струмица на присутните ќе им ги...

Напис

Одобрен проектот WEB страница на Струмичкото стопанство

Проектот WEB страница на Струмичкото стопанство, кој беше аплициран до ГТЗ РЕДЕМ и официјално е одобрен. Проектот на одделението за Локален економски развој при Општина Струмица предвидува изработка на заедничка web страна за сите производни фирми со цел истите да можат заеднички и со намалени трошоци да ги презентираат своите производи на глобалната мрежа. Преку...

Напис

Пуштени во употреба новите простори на градинарско-цвеќарската насока

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ги предаде во употреба реновираните простории на Дисперзираните студии во градинарско – цвеќарската насока при Факултетот за земјоделски науки и храна сместени во Домот на АРМ. Со општински средства од околу 700.000 денари, реконструирани се 430 м2 во кој се сместени две предавални со капацитет од вкупно 100 седишта,...

Напис

Отворен вториот меѓународен саем Струмица Експо

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го отвори вториот меѓународен саем за производство, трговија и услуги Струмица Експо. На саемот учествуваат околу 40 изложувачи од Македонија, Бугарија, Грција и Полска. Струмица Експо ќе биде отворен до 04.11.2006 година (сабота) до 19 часот

Напис

Општина Струмица меѓу трите најуспешни општини на конкурсот на Светска банка

Светска банка во соработка со консултантската куќа БАСМЕ КТ доо Скопје ги објави резултатите од конкурсот за проекти за развој на општините. Во конкуренција од над 40 аплицирани микропроекти до Светска Банка, Општина Струмица со својот Микро проект: Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови, е селектирана...

Напис

Донесена одлука за формирање ЛЕР ИТ фондација

Советот на Општина Струмица, на својата 31 седница, донесе одлука за формирање Фондација за локален економски развој и информатичката технологија – ЛЕР ИТ – на струмичкиот микро регион. ЛЕР ИТ фондација ќе биде менаџер на имплементација на стратегиите и плановите за развој на општините од струмичкиот микрорегион, ќе ја промовира стратегијата за ЛЕР, ќе ги...

Напис

Усвоен Стратегискиот план за економски развој на струмичкиот микро-регион

На 30 седница на Советот на општина Струмица е усвоен Стратегиски план за економски развој на струмичкиот микро-регион. Стратегискиот план го насочува економскиот развој на Струмичкиот микро-регион и претставува план за градење на економскиот капацитет на микро-регионот за подобрување на економската иднина и квалитетот на животот на граѓаните од општините Струмица, Ново Село, Василево и...

Напис

Одржана конференција на ЗЕЛС во Охрид

Во организација на ЗЕЛС, во Охрид, се одржа конференција “Една година процес на децентрализација во Р. Македонија”. На конференцијата се анализираше едногодишната имплементација на процесот на децентрализација на власта. На истата присуствуваа Градоначалнникот на општина Струмица, Зоран Заев, градочалници на други општини, претставници на меѓународни организации, Министерот за локална самоуправа и амбасадорите на ЕУ, САД,...

Напис

Одржан состанок со Норимаса Шишомура

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, оствари состанок со Заменик Постојаниот Претставник на UNDP г-дин Норимаса Шимомура, и високи претставници од UNDP. На состанокот се разговараше за реализацијата на тековните проeкти и можностите за понатамошна соработка.