Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на свечената седница на Советот на општина Струмица ги додели годишните општински награди и признанија за 2006 година. Како општествено признание за вонредно значајни остварувања од посебен интерес на Општина Струмица, награда во спомен плаќета и вредносен износ добија:
– г-дин Васил Стамбулиев, дипломиран електроинжинер за особени постигнувања и иновации во областа на електронската дигитална технологија,
– г-ѓа Весна Петкова, претседател на НВО Продолжен живот, за особени заслуги во областа на хуманитарно-социјалните дејности,
– г-дин Коте Тасевски, примариус, специјалист по болести на забите и ендодонтот за посебен придонес во областа на хуманоста и стоматологијата;
– г-ѓа Вера Ристова, работник во “Грозд” АД – Струмица, за особени резултати во областа на крводарителството; и
– г-дин Горан Пандев, фудбалер на ФК “Лацио” од Рим и репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација за врвни постигнувања во областа на фудбалот.