Денес Струмица го празнува празникот на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештено маченици. По тој повод Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев присуствуваше на свечената Божествена Литургија која денес се одржа во црквата на Светите Петнаесет Тивериополски свештено маченици во Струмица. Во присуство на огромен број верници Божествената Литургија ја отслужи Митрополитот Брегалнички г-дин Иларион. Во склоп на активностите за одбележување на празникот вчера се промовираше поемата Петнаесетте на авторот Иван Василевски, а Друштвото на ликовни уметници на Струмица ја одржа својата редовна годишна изложба.