Одделението за локален економски развој при Општина Струмица продолжува со реализацијата на проектот Веб сајт на струмичкото стопанство. Во таа насока се известуваат сите деловни субјекти кои егзистираат на делот на Струмичкиот микро-регион дека можат да се вклучат на овој веб сајт контактирајки со одделението за Локален економски развој на телефон 034/340-224. Официјалниот веб сајт на економските субјекти од овој регион ќе биде достапен на 4 јазика и промовиран во неколку држави во регионот. Целта на овој веб сајт е промоција на целокупниот бизнис сектор на Струмичкиот регион, вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко.