Хуманитарна аукција „Да ја замениме тагата со радост“

Под покровителство на Градоначалникот на општина Струмица,  Зоран Заев, а во организација на ЕД Планетум и Организација на жени – Струмица,  денес 25.12.2006 година во просториите на Центарот за култура “Антон Панов” во 19:00 часот ќе се одржи хуманитарна аукција “Да ја замениме тагата со радост”.  Ве покануваме да присуствувате на оваа хуманитарна аукција и да бидете дел од ова благородно дело. Собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за учениците од посебното Основно училиште “Св.Климент Охридски” – Ново село.