Во рамките на проектот „Социјална инклузија за деца и млади од Струмичкиот регион“ и реализацијата на проктните активности на 01.03.2008 год на Плоштадот „Гоце Делчев “ во Струмица, најмладите го одбележаа доаѓањето на првиот пролетен месец Ксант – месец март и доаѓањето на Баба Марта.
Во рамките на проектот „Социјална инклузија за деца и млади од Струмичкиот регион“ имплементиран во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица, АБЦ – Центарот за образование спорт и култура Струмица, на 01 март 2008 година како дел од Детската ликовна работилница „Ако можеш да замислиш можеш и да го оствариш“, најмладите беа иницијатори на оживувањето и славењето на празникот на пролетта – Ксантиката.
Со голем ентузијазам најмладите во текот на двонеделната ликовна работилница имаа можност своите ликовни капацитети да ги изрзат преку изработка на мартинки, кои беа поделени на најмалдите на детското матине кое беше организирано од Центарот за образование Спорт и култура АБЦ Струмица во соработка со Граѓанското здружение Струма од Струмица.
Радоста на најмладите во одбележувањето и славењето на Ксантиката Празникот на пролетта и доагањето на Баба Марта ја надополни Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев поделувајќи им мартинки, нивни лични ракотворби, производ на чистите детски души.