Вчера во еднодневна работна посета на Општина Струмица престојуваше Амбасадарот на Белгија во Р. Македонија и Р. Бугарија Неговата Екселенција, Philip Beke. Во рамките на посетата г-динот Beke оствари средба со Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Градоначалникот Зоран Заев, го запозна Амбасадорот со вековната традиција на Струмичкиот карневал а во разговорот стана збор за карактеристиките на струмичкото стопанство и за можностите продлабочување на соработката со Р. Белгија.
Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Неговата екселенција Philip Beke посетија неколку успешни фирми од Општина Струмица.
Неколку стопанственици од Струмица имаа можност да поразговараат со Амбасадорот на работниот состанок кој се одржа во Сириус. Претставниците на бизнис секторот ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат при работењето (визниот режим, затворени пазари итн).
Амбасадорот вети дека ке воспостави контакт помеѓу струмичките фирми и фирми од Белгија.
Амбасадорот на Белгија во Р. Макдонија и Р.Бугарија го посети и репрезентот на струмичката култура и уметност г-динот Запро Запров во неговиот дом во с. Пиперово каде имаше можност да се запознае со нашите етно одбележја низ видикот на г-динот Запров.
На крајот на посетата г-динот Philip Beke ја проследи Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007.