Градоначалникот на општина Струмица и потпретседател на КК Струмица 2005, Зоран Заев им ја честиташе првата шампионска титула на кошаркарите на Струмица 2005 кои во финалната серија го совладаа Работнички Фершпед со 4:1.
Екипата на Струмица 2005 е кошаркарскиот шампион во 15. национално првенство на Македонија. КК Струмица за првпат во својата клупска историја станаа шампиони, откако во петтиот финален натпревар го совладаа Фершпед Работнички со 66:52, што беше доволно да ја добијат финалната серија со 4:1 во победи, и пред 4000 публика да го подигнат шампионскиот пехар.
Градоначалникот и потпретседател на клубот, Зоран Заев им честиташе на кошаркарите на Струмица за постигнатиот успех.