Денес, на покана на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во работна посета на Струмица престојуваше г-динот Мајкл Лејтам, советник за економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
Градоначалникот на општина Струмица го запозна гостинот со активностите на Општина Струмица, со карактеристиките и потенцијалите на струмичкото стопанство како и со активностите кои ги превзема општината за промоција на стопанските активности. Истовремено Градоначалникот Заев го информираше г-динот Лејтам дека Општина Струмица е подготвена да ги прифати новите надлежности кои треба да настапат со процесот на фискална децентрализација.
Во рамките на посетата на Струмица, високиот гостин од Американската амбасада посети неколку успешни компании од Струмица, и оствари работен состанок со повеќе струмички стопанственици. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат стопанствениците при нивното работење како и со начинот на нивното надминување.
Градоначалникот Заев изрази надеж дека поддршката од САД и понатаму ќе продолжи, со цел надминување на посочените бариери и поголем раст и развој на струмичката економија.