Предаден во употреба Детскиот Град. Вчера Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Пратеникот во Собранието на РМ и Претседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шекеринска го предадоа во употреба Детскиот град кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Над 2000 деца од Струмица ги посетија 19-те замоци и душеци за скокање.
Објектот е сместен на површина од 4500 м2 и целосно е финансиран од Општина Струмица и изнесува 3 милиони и 200 илјади денари. Во детскиот град се поставени 19 посебни катчиња каде ке можат да се рекереаираат над 500 деца. Во детскиот град има лизгалски замоци, фигури од цртаните филмови и душеци за скокање и многу други играчки. Истите се направени од гумени материјали заради безбедноста на децата. Со детскиот град ке стопанисува ЈП Комуналец – Струмица каде што повеќе вработени ќе се грижат за хигиената, одржувањето на паркот но и за сигурноста и безбедноста на децата.