На денешен ден пред пет години претставници на невладините организации од целиот свет, лобисти и бранители на идејата за слобода во информирањето формираа Мрежа на бранители на слободата во информирањето, која на својот прв состанок го прогласи 28 септември за меѓународен ден за слободен пристап до информации. Оваа година и Општина Струмица се вклучи во одбележувањето на меѓународниот ден преку кампањата “Имам право да знам”.