Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев вчера учествуваше на Првата европска конференција за ЕУ фондови, организирана од Капитал Медиа Груп, поддржана од Мисијата на Европската унија во Македонија. Европската конференција “Можности и перспективи” ја отвори Амбасадорот на ЕУ во Македонија Н.Е. Ерван Фуере.
Градоначалникот Заев зборуваше во Панел 2 од конференцијата, на тема Очекувањата и потребите на потенцијалните корисници на ИПА фондовите во Македонија. Во своете излагање Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев пред присутните го истакна искуството кое го стекна Општина Струмица од користењето на средствата од Фондовите за прекугранична соработка, проблемите со кои се соочуваше Општина Струмица при реализација на проектите, активностите кои ги превзеде за надминување на проблемите и за подобра подготвеност на Општина Струмица пред стартот на ИПА фондовите.
На конферецнијата присуствува претставници на повеќе компании од земјава, претставници на општините и други институции.
Присутните ги поздрави и Љупчо Зиков, директор на Капитал Медиа Груп и главен уредник на неделникот „Капитал“.